Жени внимавајте: Доколку ги забележите овие промени, вашиот партнер со сигурност ве изневерува!

Се сомневате дека вашиот партнер ве изневерува? Ова се неколку знаци кои укажуваат на тоа дека вашиот партнер води двоен живот…

Ненадејна потреба за приватност

Доколку работите што претходно отворено сте ги споделувале сега одеднаш станале приватни, обрнете внимание бидејќи нешто сигурно се случува. Вашиот сакан ставил посебна шифра за компјутер и упорно ги крие сметките од мобилниот телефон и кредитните картички. Ако се прашувате зошто се однесува така и се обидете да добиете повеќе информации, ризикувате партнерот да ве обвини за шпионирање и посесивност. Ова е голема причина за сомнеж.

Спие со мобилниот телефон до себе

Одеднаш тој не се одвојува од телефонот и задолжително го чува блиску до себе. Го носи со себе дури и кога оди во тоалет. Може да отиде и толку далеку што го исклучува кога сте заедно со изговор дека не сака никој да ви пречи.

Ги променил сите лозинки

Иако сте имале пристап до неговиот мејл, бидејќи лозинката била запомнета на заедничкиот компјутер, сте забележале дека неодамна ги сменил сите лозинки. Знак за тревога!

Постојано е нервозен и ви приговара

Започнува караници, ви приговара, ви упатува зајадливи коментари… Можеби го подготвува теренот за да ви ја префрли вината вам и да ви каже дека секогаш се карате.

Одбива секс

И ова може да биде знак. Не мора буквално да ве одбива, но не е повеќе заинтересиран за секс и му одговара кога ниту вие не преземате иницијатива иако претходно секогаш бил подготвен за акција.

Видео туторијал: Направете си совршена пунџа за само една минута!

Casual пунџа е ин веќе неколку години и сеуште котира високо во светот на фризурите. Оваа опуштена фризура е одлична за дневна, но и вечерна варијанта. Во продолжение погледнете како сами да ја направите за само една минута...

На свадбата се појави поранешната девојка на младоженецот и направи невидена драма!

Поранешната девојка на младоженецот упаднала на самиот чин на венчавката облечена во венчаница.

Снимката на која поранешната во венчаница упаѓа на најубавиот дел од церемонијата, со шминка и фризура станала вирална.

Daily Mail пишува дека поранешната девојка, која младоженецот го влечела за рака во еден момент паднала на колена, викала дека таа не е виновна за раскинувањето и дека тој мора да и се врати.

Погледнете:

Ова е актерката која ќе ја глуми принцезата Дијана во најскапата серија на „Нетфликс“

Актерката Ема Корин ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во хит - серијата „Круната“, објави „Нетфликс“.

Корин рече дека е исклучително возбудена и почестена што ќе му се приклучи на актерскиот тим за четвртата сезона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

different hairs of the last 6 months, a wee compilation

A post shared by Emma Corrin (@emmalouisecorrin) on

„Серијата ја следам од првата епизода, а помислата дека ќе се приклучам на неверојатно талентирана актерска екипа е речиси надреална“, рече таа.

„Принцезата Дијана беше икона и нејзиното влијание врз светот сè уште е длабоко и поттикнувачко“, рече Корин.

Корин е брилијантен талент и веднаш нè освои кога му се приклучи на тимот како Дијана Спенсер“, рече авторот на серијата, Питер Морган.

Најчитани

Твитови