Еве како да препознаете природен од вештачки мед!

Важно е да знаете! Пазарот на медот е преплавен со лажни производи изработени од шеќер или сируп од пченка, адитиви и бои, додека во продавниците се индустриски.

Стручните лица од оваа област ни откриваат неколку едноставни начини на откривање вештачки мед.

* Прво што можете да пробате е малку да го протриете медот помеѓу палецот и показалецот. Ако ви се лепат прстите, значи дека содржи шеќер или некои други вештачки засладувачи. Природниот мед не е леплив.

* На хартија или на хартиена марамица ставете неколку капки мед. На природниот мед ќе му биде потребно многу време за да помине низ хартијата, бидејќи не содржи вода.

* Наполнете една чаша со вода и во неа додадете една капка мед. Природниот мед ќе падне на дното и ќе остане компактен, додека вештачкиот мед ќе почне да се раствора во водата.

* Намачкајте го медот на парче леб. Природниот мед ќе го стврдне лебот за неколку минути, а вештачкиот ќе го намокри, бидејќи содржи вода.

* Приодниот мед со текот на времето ќе се кристализира, додека вештачкиот ќе остане течен.

* Врвот од кибритот потопете го во мед и запалете го. Природниот мед нема да ви пречи во процесот на согорување, за разлика од вештачкиот, кој содржи вода во себе.

Липов мед

Бистар е, речиси безбоен и благ. Го олеснува дишењето и се препорачува за настинка и грип. Го стимулира потењето, добар е за варење, ги ублажува грчевите и ја ублажува болката. Корисен е за проблеми со бубрезите.

Цветен мед

Се прави од разни видови цветови, во зависност од времето. Тој е благ и има убав вкус. Поради посебниот состав кој го содржи во себе, се препорачува за подигање на имунитетот и закрепнување после болест, а исто така се препорачува за алергии и алергиска астма.

Багремов мед

Го карактеризираат со многу силна боја и нежен вкус. Овој тип на мед им одговара на поголем дел од луѓето, бидејќи неговиот вкус не се чувствува многу. Исто така се користи доколку имате проблеми со крвните садови. Поради седативниот ефект, помага при несоница, нервоза и напнатост.

Шумски мед

Овој тип на мед е многу ценет. Многу е вкусен и е темен по боја. Многу брзо се кристализира. Тој е анти-микробен и анти-воспалителен агенс. Поради високата концентрација на железо, се препорачува на анемични лица, а исто така се препорачува и за закрепнување после тешка хируршка интервенција. Тој е богат со минерални соли и содржи многу шеќер.

Најдобриот наставник во светот: Секој месец платата им ја давал на сиромашните ученици!

Наставникот Питер Табиќи од Кенија, кој својот поголем дел од заработката ја дава на сиромашни ученици, е избран за најдобриот наставник во светот. Неговата награда вредна милион долари, му е доделена во Дубаи.

Питер предава математика и физика, а 80% од неговата плата, тој ја донира за да им помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во ова село, кое се соочува со проблемите од типот на суша и глад, речиси третина од децата се сирачиња или имаат по само еден родител.

Табиќи (36) е избран меѓу 10.000 кандидати, од 179 земји. Водител на церемонијата на која тој ја добил наградата ја водел актерот Хју Џејман, пишува „Асоишејтед прес“.

Наградата ја установила фондацијата „Варки“ во Дубаи.

Со маска од ПАВЛАКА до неверојатен ефект!

Павлаката е производ кој поседува уникатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Таа се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги.Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.

За приготвување на маската ви е потребно:

- една лажица павлака,

- една жолчка од јајце,

- една лажица алое.

Алое ќе најдете речиси во сите наши аптеки, во поголема опаковка, но ќе го употребите за приготвување на многу други маски.

Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот ( штом се исуши едниот слој, нанесете нов ). После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект, подмладува, ја освежува и храни кожата.

Најчитани

Твитови