За побели алишта, ставете аспирин во машината за перење: Резултатите ќе ве воодушеват!

Кога еднаш ќе дознаете зошто ставањето на аспирин во Вашата машина за перење алишта е препорачливо, ќе останете навистина изненадени.

Овој совет ќе Ви помогне околу перењето на бели алишта, а ќе воочите дека оваа таблета може да се натпреварува со индустриските средства за отстранување на флеки и белеење.

Наполнете сад со 3 литри врела вода и растворете 5-6 таблети аспирин. Најдобриот начин е да ги здробите за да се растворат побрзо. Ставете ја белата облека во водата и оставете да седи потопена во вода цела ноќ.

Наредниот ден, ставете ја облеката во машина за перење алишта заедно со неколку таблети аспирин за да добиете оригинална бела боја. Доколку ги следите овие чекори, резултатите ќе Ве воодушеват.

Ќе воочите дека овој трик е поефектен од комерцијалните средства за отстранување на флеки или за белеење, бидејќи на овој начин нема да ја оштетите облеката.

Најдобриот наставник во светот: Секој месец платата им ја давал на сиромашните ученици!

Наставникот Питер Табиќи од Кенија, кој својот поголем дел од заработката ја дава на сиромашни ученици, е избран за најдобриот наставник во светот. Неговата награда вредна милион долари, му е доделена во Дубаи.

Питер предава математика и физика, а 80% од неговата плата, тој ја донира за да им помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во ова село, кое се соочува со проблемите од типот на суша и глад, речиси третина од децата се сирачиња или имаат по само еден родител.

Табиќи (36) е избран меѓу 10.000 кандидати, од 179 земји. Водител на церемонијата на која тој ја добил наградата ја водел актерот Хју Џејман, пишува „Асоишејтед прес“.

Наградата ја установила фондацијата „Варки“ во Дубаи.

Со маска од ПАВЛАКА до неверојатен ефект!

Павлаката е производ кој поседува уникатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Таа се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги.Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.

За приготвување на маската ви е потребно:

- една лажица павлака,

- една жолчка од јајце,

- една лажица алое.

Алое ќе најдете речиси во сите наши аптеки, во поголема опаковка, но ќе го употребите за приготвување на многу други маски.

Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот ( штом се исуши едниот слој, нанесете нов ). После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект, подмладува, ја освежува и храни кожата.

Најчитани

Твитови