Проширени вени: Направете го овој народен лек и за само една недела ќе почувствувате подобрување!

Проширените вени настануваат како последица на слаба циркулација и оптеретеност на крвните садови, а доколку не се лекуваат навреме, доведуваат до потешки заболувања и тромбоза.

Природата нуди многу лекови кои можат да ги ублажат и спречат проширените вени. Невенот е една од тие природни билки која се покажа како добар лек за проширени вени. Цвета во април или мај, а може да се најде во дворовите и ливадите.

Маст од невен за проширени вени

* Два грста невен (цветови, стебло и листови) се сечкаат на мали парчиња. Во соодветен сад се загрева 500 гр. свинска маст (сало), па во врелата стопена маст се додава невенот. Оставете кратко да зоврие, па садот тргнете го од оган. Наредниот ден загрејте ја смесата да стане течна за да може да се исцеди и да се отстранат парчињата невен.

Подготвената маст чувајте ја во тегла или друг соодветен сад и секојдневно (неколку пати на ден) мачкајте ги заболените места.

Најдобриот наставник во светот: Секој месец платата им ја давал на сиромашните ученици!

Наставникот Питер Табиќи од Кенија, кој својот поголем дел од заработката ја дава на сиромашни ученици, е избран за најдобриот наставник во светот. Неговата награда вредна милион долари, му е доделена во Дубаи.

Питер предава математика и физика, а 80% од неговата плата, тој ја донира за да им помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во ова село, кое се соочува со проблемите од типот на суша и глад, речиси третина од децата се сирачиња или имаат по само еден родител.

Табиќи (36) е избран меѓу 10.000 кандидати, од 179 земји. Водител на церемонијата на која тој ја добил наградата ја водел актерот Хју Џејман, пишува „Асоишејтед прес“.

Наградата ја установила фондацијата „Варки“ во Дубаи.

Со маска од ПАВЛАКА до неверојатен ефект!

Павлаката е производ кој поседува уникатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Таа се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги.Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.

За приготвување на маската ви е потребно:

- една лажица павлака,

- една жолчка од јајце,

- една лажица алое.

Алое ќе најдете речиси во сите наши аптеки, во поголема опаковка, но ќе го употребите за приготвување на многу други маски.

Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот ( штом се исуши едниот слој, нанесете нов ). После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект, подмладува, ја освежува и храни кожата.

Најчитани

Твитови