Актерката Тилда Свинтон која е позната по нејзиниот неконвенционален живот и впечатлив стил, одамна не се грижи за туѓото мислење
Таа поголемиот дел од времето живее во град во северна Шкотска, но нејзиниот живот потполно се променил откако се вљубила во 18 години помладиот сликар Сандро Копо потполно со што по кратко време без поголема драма му го соопштила тоа и на нејзиниот невенчан сопруг, уметникот Џон Бајрне, со кого има две деца, близнаците Хавиер и Хонор.

Славната актерка и нејзиниот дечко Сандро се запознале во 2004 година на сетот за филмот „Хрониките од Нарнија: Лавот, вештерката и плакарот“, а парот предизвикувал големо чудење бидејќи неколку години живееле под ист покрив со нејзиниот поранешен партнер, за тој да може да учествува во воспитувањето на нивните близнаци Хавиер и Хонор кои денес имаат 20 години.

Тилда отсекогаш инсистирала дека ништо не е неконвенционално и дека Џон и покрај тоа што се отселил, редовно ги посетува.
„Сето тоа е многу здодевно. Таткото на моите деца и јас сме многу добри пријатели, јас сега сум во среќна врска со друг човек. И сите сме пријатели. Животот не мора да биде комплициран. Мора да сочувствуваш и да не се обвинуваш себеси ако се искомплицираат работите“, изјавила актерката во интервју.