Тешко ви е да се разбудите? Кафето не ви делува? Пробајте ја оваа едноставна напивка која е здрава а воедно и ќе ве разбуди за само 10 минути.
Како база користете половина литар сок од јаболка. Додадете две раце млад спанаќ (претходно добро измиен), две лажици лешници, една банана, една лажичка Matcha прав и една лажичка чиа семе. Можете да додадете и неколку капки стевиа или цимет за вкус.

Овој напиток испијте го на екс, наместо кафе.
Напомена: Напитокот е пожелно да го испиете веднаш, по што разликата ќе ја осетите за само неколку дена, а овој ритуал ќе ви стане замена за утринското кафе.