Сигурно веќе ви е смачено да читате за квалитетниот сон, но спиењето е многу важно за здравјето иако можеби вам не ви изгледа така. Обично, за доволно се сметаат стандардните 7-8 часа спиење, но сепак тоа не е секогаш случај.
И додека многумина чекаат да дојде викенд за да се наспијат, а во текот на работната недела се измачуваат и остануваат будни до доцна, не се ни свесни колку тоа може да им наштети.

Недостаток на сон
Недоволниот сон го ослабува имунитетот и може да доведе до сериозни последици, како и да го зголеми ризикот на развивање на следниве проблеми и заболувања:
* Исцрпеност
* Депресиja
* Промени во работата на хормоните
* Кардиоваскуларни заболувања
* Проблеми со видот
* Дијабетес
Покрај сите овие работи, лошиот сон влијае и на телото и изгледот, може да дојде до накачување тежина, подочници и менување на бојата на кожата.

Возраст и сон
Научниците откриле поврзаност помеѓу возраста и потребниот број на часови за добар сон:
0-3 месеци: 14-17 часа
4-11 месеци: 12-15 часа
1-2 години: 11-14 часа
3-5 години: 10-13 часа
6-13 години: 9-11 часа
14-17 години: 8-10 часа
18-25 години: 7-9 часа
26-64 години: 7-9 часа
65+ години: 7-8 часа
Колку е повозрасен човекот толку помалку часови за спиење му се потребни, во зависност од децата.

На бебињата им е потребно најмногу сон, на децата до 18 години им се потребни до 10 часа сон, а подоцна периодот за квалитетен сон доаѓа до стандардните и познати 7-9 часа.