Рохо пред трансфер во Вулверхемптон за 28 милиони евра

Вулверхемптон е многу близу до комплетирањето на договорот за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Маркос Рик, објави англиски „Телеграф“.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо се согласил да го ослободи 28-годишниот Аргентинец за 28 милиони евра и да ги искористи парите за привлекување на Хари Мегваер, кој е проценет на 67,5 милиони евра.

Рохо минатата сезона забележа само 12 натпревари за Јунајтед, во кои доби 6 жолти картони. На 16 март тој го продолжи договорот со клубот до 2021 со опција за уште една сезона.

Позитива на денот: Куче стана хит на социјалните мрежи поради преслаткиот начин на кој го пречекува сопственикот!

Златен ретривер стана хит на социјалните мрежи, откако е снимен како се радува на доаѓањето на својот сопственик.

Иако видеото трае неколку секунди, тоа беше доволно да освои бројни срца на љубителите на животни на Интернет.

Ким Кардашјан на мета на критичарите поради изгледот на 5 годишната Норт: Нашминкана како триесетгодишна девојка!

Семејството Вест уживаше во концертот по мисата во неделата. Иако Канје направи добра атмосфера на сцената, ѕвезда на денот беше неговата петгодишна ќерка Норт Вест. Норт Вест носеше црн фустан со бретели кој од страна имаше моден додаток во форма на пердуви, а во комбинација со црни чизми Д-р Мартинс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Get it, Northie 🖤🙌🏽 Song: “Power” - Kanye West #SundayService

A post shared by Kardashian Jenner Kids FanPage (@dashkids) on

Многумина забележаа дека петгодишното девојче има професионална шминка, што го осудија преку социјалните мрежи бидејќи Ким Кардашјан неодамна изјави дека на галеницата ѝ дозволуваат шминка само кога игра додека е дома.

 

извор: Makfax

Најчитани

Твитови