Во ова модерно време каде социјалните мрежи имаат огромна популарност, многумина сакаат да направат добри фотографии од одморите и патувањата.
Но, дури и да не сте опседнати со социјалните мрежи, тоа не мора да значи дека не треба да направите добри фотки кои ќе изгледаат како на професионалци.
1. Кога позирате покрај базен, избегнувате прави линии. Запомнете дека нозете не треба да ви се рамно и еднакво поставени, туку подобро е да ја подигнете онаа нога која е подалеку од камерата. Исто така, свиткајте ја малку настрана половината за да изгледате потенко.

2. Кога се фотографирате целосно од глава до пети, заборавете на војничкиот став со нозе раце во ширина на рамена. Кога стоите директно пред камера, телото ја губи убавината на облините и изгледа рамно. Затоа благо завртете се настрана, да ви се забележува и профилот и цело лице, така што ќе ја истакнете и женственоста на телото и фигурата.

3. Ако сакате да направите фотка како лежите на лежалка, немојте да се вртите со лицето кон камерата зад вас. Најдобро е нозете да ви се во преден план, за да изгледаат подолги. Исто така не заборавајте малку да ја свиткате половината за на површината да се допирате само со главата, рамената и задникот.

4. Кога се сликате во седечка положба, гледајте колената да не се директно изложени пред камерата, бидејќи така нозете изгледаат многу поголеми. Седнете странично поставени кон камерата, со исправени рамена и едното завратено наназад, а ногата која е подалеку од камерата благо поткренете ја.

5. За да излезете добро на фотографиите добро е да ја имате на ум и асиметријата. На пример кога се сликате целосно, свиткајте ја едната нога и спротивната рака. Асиметричните линии додаваат природен изглед, додека исправените раце и нозе кои се еднакви ќе направат да изгледате поголемо.
