НАСА: Марс не може да биде погоден за живот

Една од амбициите на Илон Маск, но и на човештвото воопшто, е еден ден Марс да биде погоден за живот. И тоа не со херметички затворени комплекси, туку со атмосфера како оваа на Земјата.

Сепак, според ново истражување на научници од НАСА, тоа не е можно, пишува списанието „Нејчр“.

Марс има водени испарувања и јаглероден диоксид во количества, што можат да предизикаат затоплување на планетата. Но, тоа може да се покаже како недоволно за создавање услови за живот каков што има на Земјата.

За тоа влијаат повеќе фактори, како што е недостигот на други гасови, неопходни за затоплување на Црвената Планета, смета Брус Жакоски, раководител на новиот труд. Освен тоа, атмосферскиот притисок таму е само еден отсто од тој на Земјата, а атмосфера исто така е неопходна за покачување на температурите на ниво доволно високо за да се задржи водата во стабилна течна состојба.

- Марс не може да биде прилагоден со сегашната технологија. Анализите покажуваат дека дури и при оптимални услови на искористување на јаглеродниот диоксид, тоа ќе ја затопли планетата само за 5 отсто од потребното, објаснува Жакоски.

Научниците ја разгледуваат и опцијата за „внесување" на потребните гасови преку пренасочување комети и астероиди кон Марс. Но, за тоа се потребни илјадници такви вселенски тела и тоа ја прави замислата непрактична.

Затоа, засега очекувањата се дека првиот чекор треба да биде изградба на научно-експерименталните бази на нашата соседна планета. 

Позитива на денот: Куче стана хит на социјалните мрежи поради преслаткиот начин на кој го пречекува сопственикот!

Златен ретривер стана хит на социјалните мрежи, откако е снимен како се радува на доаѓањето на својот сопственик.

Иако видеото трае неколку секунди, тоа беше доволно да освои бројни срца на љубителите на животни на Интернет.

Ким Кардашјан на мета на критичарите поради изгледот на 5 годишната Норт: Нашминкана како триесетгодишна девојка!

Семејството Вест уживаше во концертот по мисата во неделата. Иако Канје направи добра атмосфера на сцената, ѕвезда на денот беше неговата петгодишна ќерка Норт Вест. Норт Вест носеше црн фустан со бретели кој од страна имаше моден додаток во форма на пердуви, а во комбинација со црни чизми Д-р Мартинс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Get it, Northie 🖤🙌🏽 Song: “Power” - Kanye West #SundayService

A post shared by Kardashian Jenner Kids FanPage (@dashkids) on

Многумина забележаа дека петгодишното девојче има професионална шминка, што го осудија преку социјалните мрежи бидејќи Ким Кардашјан неодамна изјави дека на галеницата ѝ дозволуваат шминка само кога игра додека е дома.

 

извор: Makfax

Најчитани

Твитови