Сведоштва за чудата на манастирот Св. Василиј Острошки: Вистински приказни кои ќе ве наежат!

Манастирот Острог во Црна Гора е место на кое луѓе од целиот свет го бараат своето спасение и се молат на Бога, но и се обидуваат да се излечат. Тие се молат за среќа и здравје, за себе и за своите најблиски. Чудата се возможни, а тоа го докажуваат приказните кои се пренесуваат за ова место.

Острошките монаси забележале стотици чуда и тие се чуваат во библиотеката на манастирот Острог. Некои од нив ги објавил јеромонахот Иринеј Гавриловиќ, а ние ви ги пренесуваме во целост...

„Занаетчија од околината на Никшиќ многу се разболел. Лекарите утврдиле дека парализата е во последен стадиум. Тие се откажале и му соопштиле на семејството дека нема лек за неговата болест. Човекот не можел да се движи. Некој роднина ги посоветувал да го посетат манастирот Острог на Свети Василиј, но тој одбил, бидејќи бил атеист, неверник. По извесно време, во сон му се јавил Свети Василиј и го повикал во манастирот.

На крај човекот одлучил да го посети манастирот. Тој се исповедал и цела ноќ ја поминал во манастирот, каде му читале молитви. По кратко време целосно оздравел, а од благодарност кон светецот на својот син му го дал името Василије“. 

„Вера Ј. млада девојка од околината на Бар, службеничка, изненадно се разболела во 1950 година, од тешко нервно растројство и поради тоа не била способна за никаква работа.

Загрижените родители ја воделе кај сите лекари и барале помош од најдобрите специјалисти, но за жал без успех. Нејзината здравствена состојба од ден на ден се влошувала. Кога целосно била изгубена надежта дека девојката ќе оздрави, мајката одлучила да ја доведе во Острог, и таму да го побара лекот.

На пат тргнале почетокот на зимата истата година. Со голема мака преминале од долниот до горниот дел на манастирот. Девојката барала да се врати назад. Со големи напори ја одвеле горе во манастирот каде и читале молитви. Таа ноќ ја поминала во Горниот манастир. Другиот ден, девојката се разбудила целосно здрава, на големо изненадување и радост на нејзината мајка и сите присутни. Се вратила среќна во својата куќа и за неколку дена ја продолжила својата работа како службеник“.

„Ќерката на една постара госпоѓа од Ниш имала тешко заболување на белите дробови. Лекарските интервенции започнале многу касно. Една вечер, додека тажната мајка седела покрај болната ќерка, која имала огромна температура, од замор заспала. Во сонот и се појавил Свети Василиј Острошки и рекол да не плаче, бидејќи тој ќе ја излечи нејзината ќерка.

И навистина, утрото на девојката и било многу подобро. По новиот преглед лекарите не можеле да веруваат. Тие утврдиле дека девојката е целосно здрава. Мајката добро го запомнала ликот кој и се појавил во сонот и кога потоа во црква ја видела иконата на Свети Василиј, препознала дека тоа бил тој“. 

ПОЗИТИВНИ И НЕГАТИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЛУЃЕТО РОДЕНИ ВО ЗНАКОТ НА ВАГА

Луѓето родени во знакот на Вага се љубезни, нежни и вљубеници во убавината, хармонијата и мирот. Меѓутоа, трудејќи се да ги усреќат другите, тешко им е да кажат “НЕ”, и како резултат на тоа, тие се под стрес. Тие имаат многу позитивни особини, но и некои негативни. 

Позитивни страни

Тактичари

Луѓето родени во знакот на Вага се експерти во справувањето со проблемите, ситуациите и задачите, но сепак не може да се каже дека се лукави. Тие се премногу добри за да можат да ги злоупотребуваат емоциите на другите луѓе.

Романтични

Со нив владее планетата Венера и тие се екстремно романтични личности. Без разлика што прават во животот нив ги водат љубовните емоции.

Шармантни

Тие додека зборуваат го шармираат соговорникот и прават луѓето да се чувствуваат среќни во нивно друштво.

Праведни

Имаат силно изразено чувство и потреба за правда и фер игра. Тие можат вешто да се извлечат од некоја ситуација, но не на сметка на некој друг, туку преку свои методи со кои располагаат.

Дипломати

Тие се добро познати по своите дипломатски вештини и способни се да сослушаат секого со трпение.

Негативни страни

Површни

Родените во знакот на Вага честопати знаат да се занесат по надворешната убавина, до тој степен што може да ја игнорираат внатрешната убавина и сите квалитети со кои располага личноста.

Нестабилни

Вагите лесно можат да потпаднат под влијание на други луѓе и склони се кон постојано менување на мислењето. Поради тоа, тешко е да сфатите дали ќе го одржат ветувањето.

Неодлучни

Една од најтешките работи за Вагата е да се одлучи. Кога ќе се соочи со избор, тешко е да одберат што е најдобро за нив, што може да биде голема препрека на патот

Што купуваме и јадеме: Каде македонските пазарџиите ги чуваат производите на овие горештини!

Во какви услови се складираат прехрамбените производи кои потоа како артикли им се продаваат на граѓаните. Ова е особено важно во летниот период кога температурите се високи.

Пеколни горештини го вклучија алармот за прашањето каква храна конзумираме и колку е таа безбедна на овие временски услови. Во какви услови продавачите ја чуваат и продаваат храната, а и колку самите граѓани внимаваат што и од каде купуваат. Тие велат пазарат единствено од проверени продавачи.

Масовни труења нема, велат од клиниката за инфективно, освен некои изолирани случаи кои главно се предизвикани од храна која не била добро згрижена. Докторите препорачуваат граѓаните најмногу да внимаваат на храната која содржи јајца и мајонез.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за консумирање на безбедна храна, да купуваат на одобрени и регистрирани објкети кои ги имаат имплементирано безбедносните системи, и да внимаваат и на тоа каде се чуваат производите. Граѓаните кога приготвуваат храна дома да внимаваат на подготовката и на нејзиното чување на соодветна температура.

Домашен рецепт за груби пети: По само еден третман ќе имате совршено мазни стапала!

За да се ослободите од овој проблем испробајте го овој рецепт.

Потребно:

* 10 таблети од 300 милиграми аспирин или андол

* 250 милилити ракија, или медицински алкохол од 70 проценти.

Издробете ги таблетите и измешајте со ракијата и оставете да отстои 1- 2 а потоа пред спиење со газа нанесете од смената на испуканите пети и обложете ги со најлонска фолија до наредното утро.

Најчитани

Твитови