Лекарите советуваат: Еве како најлесно да се справите со мамурлук!

Алкохолот е диуретик, поради кои се губи одредена количина на течности, а тоа предизвикува мамурлук. Главоболката се јавува кога вашето тело се обидува да ја надополни течноста со собирање на крвните садови, а тоа го ограничува дотокот на кислород во мозокот.

Мозокот се обидува тоа да го компензира со проширување на крвните садови, а тоа предизвикува отекување.

Испијте многу вода. На вашето тело тогаш му е потребна рехидратација за да може да се носи со симптомите на мамурлукот. Најдобро е тоа да го направите пред да одите на спиење, но, во случај да не сте во можност тоа да го направите тогаш, можете наутро. Обичната вода и минералната вода се најдобри.

Подобро испијте парацетамол наместо аспирин. Аспиринот може да предизвика стомачни тешкотии, да ја засили вртоглавицата и мачнината, додека пак, парацетамолот ќе ја намали мачнината и грчењето на мускулите, без пропратни несакани ефекти.

Јадете слатка храна и испијте антацид. Чоколада, крофни и газирани пијалоци можат да ви помогнат да се чувствувате подобро. Антацидот испијте го пред да почнете да јадете, за да спречите нагон за повраќање.

Почекајте најмногу 48 часа пред да се одлучите повторно да пиете алкохол. На вашето тело му е потребно опоравување.

Најдобриот наставник во светот: Секој месец платата им ја давал на сиромашните ученици!

Наставникот Питер Табиќи од Кенија, кој својот поголем дел од заработката ја дава на сиромашни ученици, е избран за најдобриот наставник во светот. Неговата награда вредна милион долари, му е доделена во Дубаи.

Питер предава математика и физика, а 80% од неговата плата, тој ја донира за да им помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во ова село, кое се соочува со проблемите од типот на суша и глад, речиси третина од децата се сирачиња или имаат по само еден родител.

Табиќи (36) е избран меѓу 10.000 кандидати, од 179 земји. Водител на церемонијата на која тој ја добил наградата ја водел актерот Хју Џејман, пишува „Асоишејтед прес“.

Наградата ја установила фондацијата „Варки“ во Дубаи.

Со маска од ПАВЛАКА до неверојатен ефект!

Павлаката е производ кој поседува уникатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Таа се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги.Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.

За приготвување на маската ви е потребно:

- една лажица павлака,

- една жолчка од јајце,

- една лажица алое.

Алое ќе најдете речиси во сите наши аптеки, во поголема опаковка, но ќе го употребите за приготвување на многу други маски.

Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот ( штом се исуши едниот слој, нанесете нов ). После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект, подмладува, ја освежува и храни кожата.

Најчитани

Твитови