Домаќински трикови кои ќе ви го олеснат животот!

Исчисте ги садовите со зовриете солен раствор

Искусните готвачи ги советуваат младите домаќинки да ги исчистат загорените тави на следниов начин: со додавање малку вода, многу сол и да се свари сето тоа заедно. Многу поефикасен и лесен начин за чистење на валкани садови: да го впиете во топла вода, потоа да го оставите преку ноќ, а наутро многу полесно ќе се исчисти, без разлика колку е валкано/изгорено.

За да ги заштитите рацете и садовите од непријатниот мирис на риба, треба да ги исплакнете со ладна вода, а потоа да ги избришете со оцет или лимон

Тешко е да се ослободите од мирисот на риба, па дури и детергентите не секогаш помагаат. Стариот добар совет најдобро функционира вака: исплакнете ја површината со проточна вода и потоа избришете ја со сок од лимон. Слабиот раствор на оцет, исто така, помага да се реши овој проблем.

За да исечете кромид без да плачете, треба да го натопите ножот во ладна вода

Имаме тенденција да се соочиме со многу проблеми при готвењето со кромид: или тие се распаѓаат кога ќе се обидеме да ги исечеме, или пак ќе ни ги насолзат очите. Се препорачува кромидот да се сече со влажен нож, мокрејќи го од време на време додека се сече.

За брзо ладење на топол пијалак, треба да го ставите во лавабо во кој има мраз посеан со сол

Објаснувањето е едноставно: кога се додава сол, мразот се топи, но неговата температура се намалува. Оваа мешавина е способна да го излади топлиот пијалак за само неколку минути.

Најдобриот наставник во светот: Секој месец платата им ја давал на сиромашните ученици!

Наставникот Питер Табиќи од Кенија, кој својот поголем дел од заработката ја дава на сиромашни ученици, е избран за најдобриот наставник во светот. Неговата награда вредна милион долари, му е доделена во Дубаи.

Питер предава математика и физика, а 80% од неговата плата, тој ја донира за да им помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во ова село, кое се соочува со проблемите од типот на суша и глад, речиси третина од децата се сирачиња или имаат по само еден родител.

Табиќи (36) е избран меѓу 10.000 кандидати, од 179 земји. Водител на церемонијата на која тој ја добил наградата ја водел актерот Хју Џејман, пишува „Асоишејтед прес“.

Наградата ја установила фондацијата „Варки“ во Дубаи.

Со маска од ПАВЛАКА до неверојатен ефект!

Павлаката е производ кој поседува уникатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Таа се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги.Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.

За приготвување на маската ви е потребно:

- една лажица павлака,

- една жолчка од јајце,

- една лажица алое.

Алое ќе најдете речиси во сите наши аптеки, во поголема опаковка, но ќе го употребите за приготвување на многу други маски.

Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот ( штом се исуши едниот слој, нанесете нов ). После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект, подмладува, ја освежува и храни кожата.

Најчитани

Твитови