Сопруга на свештеник со потресна приказна: „Бев неговата робинка 40 години, ме силуваше 7 пати на ден“!

Џој Харис се омажила за пастирот Лари Харис, кој проповедал дека жената мора да се поклони на секоја желба на мажот, а потоа открила бизарна вистина - дека нејзиниот сопруг за време на 40 години брак ја силувал по седум пати дневно. 

Лари и Џој се преселиле од Америка во Австралија во 1994-та година во рамките на мисијата на еден оддел од батистичката црква. 

"Ме учеше и мене и своите следбеници дека жената треба да му се поклони на мажот како човекот на Бога, зборуваше дека тоа го пишува во Библијата. Мислеше дека тоа што ќе ме силува повеќе пати ќе го направи поголем маж, па тоа со текот на времето се влошуваше", раскажува за „Daily Mail“.

Кога вистината за тортурите врз оваа жена била откриена, дури и старешината од спомената баптистичка црква изјавил дека не му е јасно "како може човек да одговара пред суд за нешто што не е злочин". Сличен став заземал и еден од нивните синови, Кевин. 

"Кевин вели дека јас сум виновна за се бидејќи не ја разбирам Библијата и Бога и дека се сум заслужила бидејќи не сум знаела да покажам покајување и понизност", изјавила Џој за својот сопствен син. 

Меѓутоа нивниот друг син, Џејсон Харис, го напуштил култот кога открил што се случувало во неговото семејство и сега ја поддржува својата мајка и ѝ помага да го преброди ова, а нејзиниот сопруг моментално отслужува петгодишна затворска казна поради обвинение за силување на сопствената женa. 

Папагалот со злобната насмевка (урнебесно видео)

Најверојатно на папагалов омилени му се негативците во филмовите, па решил и он да ги имитира. Колку само заразно се смее.

Бедра, стомак или задница: 5 закони за слабеење на секој дел од телото

Дали некогаш сте се запрашале зошто масното ткиво секогаш најмногу ви се таложи на одреден дел од телото? Науката вели дека дистрибуцијата на маснотиите е поврзана со одредени здравствени навики.

А ако знаете зошто најмногу се дебелеете во пределот на стомакот или бедрата, тогаш и најлесно ќе изберете режим на исхрана или телесни вежби кои ќе ви помогнат да ослабете.

Еве како да постапите со петте најкритични делови на телото.

1. Горен дел од телото

Масното ткиво најмногу се таложи на стомакот, грбот, рамениците, пределот на градите, и на рацете до лактите. Причина за вакво нешто е лошиот режим на исхрана и недостатокот на физичка активност. Воведете промени во исхраната кои вклучуваат внесување на 500 до 1000 калории помалку дневно, пет пати неделно вежбајте 30 до 60 минути, а најдобро е да се одлучите за кардио вежби (возење велосипед, брзо одење). Вежбите правете ги со темпо кое што не ви е напорно дури и ако разговарате со друга личност.

Вклучете и вежби за горниот дел од телото, како на пример склекови, вежби за стомачни мускули, екстензии и слично.

2. Подрачјето на стомакот од папокот до лумбалниот дел на грбот

Ако се дебелеете најмногу во пределот на стомакот, тоа може да биде знак за прекумерна работа на хормонот за стрес, кортизолот. Потрудете се да се храните поздраво, да консумирате храна богата со влакна, витамини и минерали, и да практикувате вежби кои вклучуваат и техники за полесно поднесување на стресот, како на пример јога или пилатес.

Ако вашиот стомак пак е постојано надуен, тоа може да биде последица од потешкотии при дишењето или прекумерна конзумација на алкохол. Намалете го вносот на алкохол или посетете го вашиот доктор ако имате проблеми со дишењето.

3. Подрачјето на стомакот од градите, како и целиот грб

Ова е знак дека не сте премногу физички активни, но и се храните лошо, односно прескокнувате оброци и потоа се прејадувате. Обидете се да внесувате пет умерени оброци дневно, да јадете помали порции и што повеќе здрава, нискокалорична храна. Освен тоа бидете и физички активни, движете се повеќе, пливајте и практикувајте вежби за грбот и стомакот.

4. Подрачјето на стомакот, бедрата и задникот

Ако ви се натрупува масно ткиво најмногу на оваа, за многу жени "критична зона", тоа е јасен знак дека не сте доволно физички активни. Фокусирајте се на вежби за издржливост на долниот дел од телото, а одличен избор би биле кружните тренинзи и велосипедизмот.

5. Подрачјето на стoмакот, задикот и целите нозе

Масното ткиво кое што го зафаќа долниот дел од телото, вклучувајќи ги и ножните листови, вообичаено е последица од бременост. При ваков проблем важи истиот совет како и под број 4, односно за подрачјето на стомакот, бедрата и задникот.

Конечно откриено: Kолку често паровите водат љубов?

Колку пати сте се запрашале колку често другите парови водат љубов и колку пати неделно е нормално да имате секс, а тоа да не претставува обична рутина? Американски доктор за сексуално здравје ви открива колку често паровите водат љубов.

Според најновите истражувања, паровите кои се во брак или долгогодишна врска имаат односи во просек два до три пати неделно.

Уште еден интересен податок е тоа дека просечниот маж доживува оргазам за две минути од почетокот на сексуалниот однос што најчесто е премногу брзо за неговата партнерка. За една жена се потребни пет до седум минути за таа да постигне оргазам.

Помладите парови дури сметаат дека е нормално да се води љубов и неколку пати на ден, додека паровите со возраст над 20 години имаат односи еднаш во три дена. Со годините сексуалната активност опаѓа, па паровите помеѓу 30 и 50 години водат љубов еднаш неделно, додека после педесетата година и помалку од еднаш неделно.

Сексот дефинитивно е најзастапен кога врската е на самиот почеток, па тогаш паровите се сексуално активни дури секој ден.

Сепак, не треба да се генерализираат ваквите работи, бидејќи секој пар за себе има различни афинитети и потреби. Па така, ако некому е повеќе до секс, други повеќе уживаат во некои други нешта. Нормален е единствено оној број кој вам најмногу ви одговара.

Колку често вие водите љубов?

Најчитани

Твитови