Факти кои не сте ги знаеле за The Rock: Кој е Двејн Џонсон, колку заработува годишно, на што ги троши!

Двејн Џонсон „The Rock“ е еден од најплатените актери во Холивуд. Според магазинот „Forbes“, тој заработил повеќе од 124 милиони долари годинава.

Еве неколку работи за него кои не сте ги знаеле:

Во 2017 магазинот „Forbes“ го прогласи за еден од најплатените актери на светот.

Кариерата ја започнал како борач и со тоа се занимавал од 1996 до 2004 година. Но, неговата харизма брзо го лансираше во ѕвездите во филмската индустрија. Дел е од милионски проекти како „Fast and Furious“, „San Andreas“, „Rampage“...

Сопственик е на продукцијата „Seven Bucks Productions“ заедно со поранешната сопруга Дени Гарсија. Се разведоа во 2007, а бизнисот го започнаа во 2012.

Најголемиот дел од парите ги троши на добротворни настани и ја основаше фондацијата Dwayne Johnson Rock Foundation.

Троши многу пари на храна затоа што има богат и строг режим на исхрана.

 

Обожава раскошни автомобили, направени само за него.

 

 

Купува недвижнини, најмногу на Флорида и потоа ги продава. Во последната деценија има продадено 10 куќи.

Во сообраќајна несреќа загина поранешна 24 годишна учесничка oд шоуто „Фарма!“

Утрово околу пет часот на местото Тополје кај Иваниќ Град во сообраќајна несреќа загина  поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“.

Станува збор за 24 годишната Едита Птичар која учествуваше на „Фарма“, а информацијата ја потврди и телевизијата каде се емитуваше шоуто.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edita Ptičar (@pticarica_e) on

Во сообраќајната несреќа автомобилот излетал од патот околу пет часот наутро.

Автомобилот наводно го возела Едита, која загинала на лице место, а заедно со неа било и 26 годишно момче, сопственик на автомобилот. Тој завршил во болница со тешки повреди.

24 годишната Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.

На нејзиниот профил на Инстгарам стојат и објави од пред 21 час кога ги објавила чизмичките кои мајката и ги подарила за празниците.

Нова љубовната романса: Милена Чераниќ во врска со овој познат рапер!

Последните неколку месеци Милена Чераниќ го крие својот приватен живот, а сега одлучи да открие дека се во врска со познат рапер.

Љубовниот живот на Милена Чераниќ често беше тема во медиумите, посебно кога беше во врска со нејзиниот колега Немања Стевановиќ, а потоа започна романса со оженетиот кошаркар Владимир Дашиќ.

По бурата околу Владимир, Милена  одредено време не се појавуваше во јавност и не зборуваше за својот приватен живот.

Меѓутоа, сега ја обелодени романсата со својот нов партнер, односно Вук Моб, а на „Инстаграм“ се појави видео на кое парот се бакнува и разменува нежности.

Тест: Колку брзо Ви работи кликерот!?

Една жаба е заглавена на дното од бунар длабок 30 метри. Обидувајќи се да излезе, таа секој ден скока по три метри, но секоја ноќ се лизга надолу по два метри.

Првиот ден таа има 30 метри за поминување, вториот 29 метри, итн. За колку дена жабата ќе излезе од бунарот?

Првичната мисла можеби не е точна…

Најчитани

Твитови