Микс музички преработки кои звучат подобро и од оригиналите. Уживајте! (ВИДЕО)

На Интернетот постојат многу талентирани луѓе кои се надеваат дека ќе ја започнат нивната музичка кариера правејќи преработки на популарни песни и објавувајќи ги на Јутјуб.

Се разбира, постојат и познати артисти кои прават кавери, но има нешто неверојатно кога ќе слушнете странец како ја пее вашата омилена песна и прави да звучи поубаво и од оригиналот. Погледнете некои од најдобрите кавери за оваа година.

1. „Thru Your Phone“ – Морган Сеинт

Оригиналот е на Карди Би. Поп артистката ја објави својата компилација минатата година и е опишувана како микс од Лорд, Брудс и Бенкс.

2. „The Middle“ – Boyce Avenue и Енди Кејс

Поп рок бендот Boyce Avenue и 26-годишната Енди познати по нивните кавери направиле неверојатна верзија на песната на Зед, Марен Морис и Греј. Наместо да го зачуваат оригиналниот ритам, тие ја забавиле песната и ги истуриле нивните емоции во текстот.

3. „No Scrubs“ – Џорџа Смит

Џорџа Смит беше вклучена во „Get It Together“ на Дрејк од 2017-та година. Нејзиниот прв албум дебитираше минатиот месец, а нејзината верзија на познатата песна на TLC е само уште еден доказ за нејзиниот неверојатен талент.

4. „Your Song“ – Лејди Гага

Неодамна Гага направи кавер на познатата песна на Елтон Џон која оригинално беше издадена во 1970-та година. Навистина не можете да одлучите која верзија е поневеројатна.

5. „In My Blood“ – Чарли Пут

Песната на Шон Мендес е една од најдобрите поп песни за оваа година. Но, верзијата на Чарли е навистина подобра.

 

Сите очи вперени во неа: 47-годишната „Росалинда“ мами воздишки, во зелена креација!

Талија Соди мами воздишки каде и да се појави. 47-годишната мексиканска актерка, позната по улогата на „Росалинда“, изгледаше фантастично на забава по повод Греми во Беверли Хилс, Калифорнија.

На свечноста, убавата телевизиска ѕвезда носеше зелена креација со пердуви од колекција од сопствената модна линија, за која соработува со Macy’s.

 

Знаци дека си имате работа со психопат!

Според податоците кои ги даваат психолозите, од 1 до 4% од вкупното население на Земјата се психопати. Психопатските тенденции кај некоја личност можат да бидат скриени и тешко може да се открие.

Психопатијата е синдром кој е демонстриран од бездушноста кон другите луѓе, неспособноста да се сочувствува, да се почувствува искрено каење за повредување на други луѓе, лажење, егзистенција и нереални емоционални реакции.

1. Тие немаат емоции

2. Тие спијат многу малку

3. Сакаат да прават другите да се чувствуваат виновно

4. Тие се харизматични и сакаат да се центар на внимание

5. Тие се нарцисоидни

6. Тие лажат постојано

7. Тие се неодговорни

 

Легендарни грешки на реклами, ќе ве насмеат до солзи!

Покрај оние навистина добри и успешни има и такви реклами кои ќе ви го привлечат вниманието но со грешките кои ги имаат, по што и ќе ги запаметите... Во продолжение погледнете - легендарни грешки на реклами,  кои ќе ве насмеат до солзи! 

 

 

 

Најчитани

Твитови