Родителите ја оставиле во картонска кутија. Овие луѓе ја посвоиле, а денес таа е чудо од дете! (ВИДЕО)

Запознајте ја Мекензи Вокер. Кога имала само месец дена, Мекензи во картонска кутија била оставена на железничката станица во Кина. За среќа, пронајдена е на време и одведена во сиропатилиште. Таму поминала година дена, а во 2003 година била посвоена од едно семејство во Тексес.

Нејзиното ново семејство, откако Мекензи била мала сфатиле дека нивната ќерка има неверојатен талент за музика. Само што научила да зборува, ги паметила текстовите на песните напамет и пеела песни од почеток до крај. 

Во 2012 година, малата Мекензи ги шокирала сите, во позитвна смисла, додека ја изведувала химната за Безбол лигата каде ја забележал Марк Кармен, успешен продуцент кој и понудил договор како би изгледал нејзиниот албум.

Нејзините родители се  многу горди на неа, а со толку малку години, не ги заборавила децата од домот па таа постојано им помага.

Прегрнавте некого? Денес е светскиот ден на прегратката!

Денес се празнува светскиот ден на прегратката, неофицијален празник кој започнал да се одбележува во САД во 1986 година, а брзо бил прифатен од многу држави низ светот. Датумот 21 јануари бил избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.

Прегратката е начин да усреќите или утешите некого. Таа има инстантна моќ и позитивниот ефект се појавува веднаш и кај прегрнувачот и кај прегрнатиот. Со тој топол физички допир вие изразувате љубов, грижа, внимание, пријателство.

Не заборавајте дека никој не може да остане рамнодушен на искрена прегратка, па денес не ги штедете вашите раце и прегрнете што повеќе луѓе.

Сите ние можеме да го направиме светот подобро место за живеење преку споделување на прегратки и љубов.

Карлеуша во Кина: Близок извор на семејството, открива што навистина се случило на роденденот на Тошиќ!

Јелена Карлеуша пред неколку дена, отпатува кај сопругот Душко Тошиќ за да се обиде да ги испегла односите по аферата.

Без оглед на фотографиите кои Јелена ги постираше од роденденската прослава на Душко, на кои сите се дотерани како за на црвениот тепих и се’ изгледа како среќна семејна веселба, останува отворено прашањето дали тоа навистина е така?

„Јелена не е сигурна дали Душко всушност преминал преку се’ и и’ простил? Додека е во Кина, се чини се’ е нормално, но сепак се чувствува напнатост. Така беше до последниот ден од нејзиниот престој со нејзините ќерки, без разлика за што со сопругот за се’ разговараа. Кога отиде кај Душко, јелена беше убедена дека брзо ќе се надмине оваа ситуација, но по неколку часа поминати таму, таа сфати дека ништо веќе нема да биде исто како порано. Иако сите се убедени дека е поблиску до одлуката за надминување на ситуацијата најмногу поради ќерките Атина и Ника, кои се неговиот центар на светот.“ - изјавил за српските медиуми, извор близок до двојката.

Мама Тамара го престави синчето Дарен на јавноста!

Пред еден месец, Тамара Тодевска стана мајка по втор пат.

Викендов нејзините фанови а и медиумите го запознаа Дарен. Имено Тодевска на својот Инстаграм профил објави две фотографии од синчето.

Па што мислите на кого личи повеќе на мама или на тато?

Најчитани

Твитови