Вистината за работата на брод: Многу секс, многу омраза, угнетување и забава.

Во книгата „Cruise Confidential” на Брајан Дејвид Брунс, првиот човек кој го одработил целиот договор во историјата на компанијата „Carnival Cruise”, изнел неверојатни детали од своето искуство, кои се однесуваат на многу секс, многу омраза, угнетување и забава.

Работата на крузери можеби звучи како совршена работа – патување по светот, запознавање на сите нации и голема плата, но оваа работа е се, само не тоа. Сите валкани тајни кои ги чува просторот под палубата на луксузни, пловечки хотели ги отркива Брајан Дејвид Брунс, првиот Американец во историјата на компанијата „Carnival Cruise” кој го одработил целиот свој договор без да даде отказ.

Тој за своето искуство напишал книга. Во книгата “Cruise Confidential” Брајан изнел неверојатни детали од својата работа кои се однесуваат на многу секс, многу омраза, угнетување и забава.

„Како келнер на бродот „Carnival’s Legend” работев по 100 часа неделно и тоа 15 недели по ред, а после тоа просто престанав да бројам. Немав слободен ден 10 месеци. Платата никако не одговара за одработените часови, па поради тоа ретко ќе видите вработени од развиените земји.

На бродот добивав само два слободни ручеци на секои осум дена. Инаку работев секој доручек, ручек и вечера. Секој ден. Најлошиот дел од работата е чувството дека работодавецот буквално ве поседува. Корпорацијата контролира што јадете, кога јадете, кога можете во тоалет, апсолутно се. Ако еден ден веќе сте одработиле 12 часа а тие ви велат дека треба да работите уште четири тоа и ќе го направите без приговор.

Исто така, она што ве убива во поим е начинот на кој ви е структуиран денот – никогаш не можете да спиете цела ноќ. Главно би можеле да споиме четири до пет часа сон во една вечер и тоа откако ќе изработевме по 12 часа“, открива Брајан во својата книга.

Меѓутоа, фактот дека работат како робови, спијат напикани во кабина како сардини без ронка приватност и дека се платени неверојатно малку (Брунс како келнер бил платен помалку од 50 долари месечно и секако, зависел од напојниците), работниците морале некако да го преживеат.

Во тоа им помагал сексот. Многу, многу секс. И потсмевање со гостите.

„На крузерите сите имаат секс со секого. Тоа е исклучително ретка прилика да го „вкусиш светот“, ако можам да се изразам така. Екипите ротираат на недела база, па секогаш е достапна нова бродска романса. Вистински врски се речиси невозможни за одржување кога работиш 100 часа неделно во ротирачки смени. Познавам едвај неколку парови кои успеале во тоа. Меѓутоа, затоа романсите меѓу вработени и гости се строго забранети. Ако ве фатат добивате моментален отказ, ве исфрлаат на првото пристаниште, било каде на светот. Ретко кој сака толку да ризикува“, вели тој.

Бродската екипа тоа малку слободно време што го имала, го користела за забави. Тие кратко траеле, обично од полноќ до три часот наутро. Понекогаш два пара имале секс истовремено во една мала кабина, а ги делела само една завеса. Келнерките често завршувале со бродските официри во надеж дека ќе им помогнат да најдат подобро сместување и помалку напорна работа.

Брачните терапевти тврдат: Разводот не е неуспех, туку доказ дека бракот бил успешен!

Бракот и понатаму може да се смета за успешен дури и ако заврши со развод, велат психотерапевтите. Брачните советници тврдат дека бракот е дизајниран со цел луѓето да можат да "растат" - и понекогаш ја "прераснуваат" таа врска.

Важно е да се прифатат промените во бракот, а не да се стравува од нив.

Хал Рункел, брачен терапевт од Атланта вели дека "бракот има една цел", а тоа е луѓето да постигнат личен раст во него. Во својата пракса тој вели дека никогаш не ги предомислувал партнерите ако тие одлучиле да се разведат, а според него, разводот не претставува неуспех.

"Бракот е совршено дизајниран за да ни помогне да пораснеме. Тој создава предизвици, ја открива нашата себичност и незрелост. А тоа е добра работа. Тој постојано бара од вас психички да растете и да се развивате, а тоа понекогаш значи и разделба од вашиот партнер", вели Рункел.

Њујоршкиот психолог Лаура Маркам се сложува со Рункел и додава:

"Да бидете способни да ги прифатите околностите и искуствата во животот како прилика за развој, а не како нешто што ќе ве направи среќни или несреќни е клучот за задоволство во врската".

Причини зошто Ви доцни менструалниот циклус а не е во прашање бременост!

Доколку менструалниот циклус Ви доцни не мора да значи дека станува збор за хормони, бременост или прерана менопауза. Обрнете внимание дали го запоставувате Вашето здравје, бидејќи тоа може да предизвика нарушен месечен циклус.

Некои од причините можат да бидат стресот, патувањата кои се шок за организмот и премалку сон. 

Стрес

Стресот може да се предизвика од трауматични настани како смрт или болест на блиска личност, раскинување, преселување или губење на работно место. Сите ситуации кои нагло се случуваат во Вашиот живот значително го зголемуваат нивото на стрес.

Имено, стресот влијае на делот на мозокот под името хипоталамус кој ги регулира хормоните во телото, помеѓу сè и менструалниот циклус, кој може да биде нередовен, а крварењата да се обилни или многу слаби.

Патување

Патувањата посебно оние подолгите можат да бидат голем шок за телото. Несоницата, нервозата и уморот се само некои од симптомите за нередовна менструација поради различните временски зони.

Таквите промени влијаат на циклусот, кој може да стане пократок или подолг. Но, не грижете се, менструацијата би требало да се нормализира после два до три циклуси.

Малку сон

Одмор не е седење пред ТВ, туку мора да се наспиете. Малку сон може да предизвика бројни негативни промени во организмот како пад на имунитетот, нервоза, умор и омалаксаност, но и пореметување кај менструалниот циклус.

Докажано е дека на човекот му се потребни 7 до 9 часа сон и поради тоа е потребно да се променат дневните рутини и да му овозможите на телото доволно време да се одмори.

Ангелика Кенова вистинска жива Барбика: Изгледа како кукла и живее под „стаклено ѕвоно“! (ФОТО)

На сите ни е познато дека девојките од Русија се исклучително убави и дека имаат многу додворувачи, но приказната на Ангелика Кенова е нешто што не го гледаме секој ден.

Таа никогаш не излегува сама од дома, бидејќи постојано со неа има телохранители. Имено, медиумите веќе пишуваа за тоа дека Ангелика е многу убава, па родителите ја штитат од момчињата.

Ангелика изгледа како човечка Барбика, а изгледа дека тоа предизвикува големо внимание. Таа истакнува дека нејзините родители постојано ја гледале како вистинска принцеза и дека не ја пуштале да излегува сама.

Не излегувала со момчиња, како другите девојки, не води нормален живот, бидејќи изгледа како кукла.

"Додека бев девојче, родителите ме претвораа во Барбика и ми беше драго што луѓето така ме доживуваа, бидејќи таа е идол на девојките ширум светот", рекла таа.

Напоменува дека немала пластични операции и дека сѐ што е на неа е природно. Меѓутоа, многумина не веруваат во нејзината приказна.

Додава и дека родителите ја тераат редовно да вежба, па признала дека сака да го напушти својот живот кој сега е под "стаклено ѕвоно" и да почне да живее како сите други нормални девојки.

Најчитани

Твитови