Вистинска приказна која ќе ви го стопли срцето: Тајната на една мудра баба за долговечен брак!

Приказна за стар брачен пар која ќе ви го стопи срцето...

По долг и среќен живот веќе се во поодминати години. Секогаш ги споделувале сите свои тајни и искуства, но постоело едно нешто што бабата уште од првиот ден кога стапиле во брак побарала од дедото да остане само нејзина тајна: никогаш да не ја отвори старата кутија од чевли која ја чува под креветот.

Дедото ја почитувал нејзината тајна и никогаш не ни прашал што има во кутијата. Мислел дека во неа има некакви женски работи, за кои бабата се срамела да ги сподели со него.

Еден ден таа се разболела и ја однеле во болница. Нејзината состојба се влошила и побарала од дедото да ја донесе кутијата. Време е да се открие тајната. Отишол до дома, ја зел кутијата и ја донел. Кога ја отворила, видел дека во неа има само две плетени кукли и многу пари.

„Но, од каде сега ова?!“ – збунето ја прашал, гледајќи во еден куп пари пред себе.

„Пред да се земеме мојата баба ми ја кажа тајната за среќен брак. Се состои од само едно правило: никогаш не се расправај со својот маж. Секогаш кога ќе те налути, а ти си подготвена да се расправаш со него, седни и сплети една кукла“.

Срцето на старецот затреперило кога видел дека во кутијата имало само две кукли и му се чинело дека во текот на 50-годишниот заеднички живот само двапати ја налутил. Со солзи во очите нежно ја гушнал и ја бакнал.

„А од каде излегоа сите овие пари?“ – праша зачудено.

„Ах, да…“, се насмевна бабата, „тоа се парите кои ги заработив од куклите што ги продадов“.

Поранешната пејачка на група „Луна“, денес работи на брод и изгледа посекси од било кога! (ФОТО)

Чеда Чворак и неговата група Луна променија многу постави. Но се чини дека онаа, кога беа дуо, а во „Луна“ покрај него вокалите ги пееше тогаш младата и непозната девојка од Лозница, Маја Марковиќ, беше најдобрата постава која му ги донесе најголемите хитови и популарност на дуото.

Маја Марковиќ откако си замина од „Луна“ се обиде да направи соло кариера која не траеше долго,  зашто слично како и нашата Ноне, замина да работи на прекуокеански брод.

Оттогаш не се занимава со музика, не барем студиски, иако знае да запее со бендот на големите прекуокеански лендкрузери на кои работи!

Додека беше на естрадата, речиси секогаш беше пристојна и закопчана до грло. За чудо, сега кога работатат тоа не го бара од неа, маја го покажа сиот свој телесен раскош, убавина и сексапил.

Инстаграм гори од нејзините секси фотографии на кои таа позира во костими за капење, покажувајќи го своето извајано тело, затегнатото газе и останатите облини.

Токму со такви фотографии Mаја ги почести сите оние што ја познаваат за својот роденден.

Знаци дека претерувате со кафе!

Ако се прашувате дали пиете премногу шолји кафе на ден, на добар пат сте да добиете позитивен одговор. Кафето нуди многу придобивки, но како и се друго, доколку се консумира во големи количини има негативни последици, за жал по нашето здравје.

Многумина не можат ни да го замислат животот без кафе, особено наутро. Сепак, прекумерното пиење кафе, посебно ако често пиете и газирани или енергетски пијалаци кои содржат кофеин, може да предизвика предозирање и зависнот.

Срцето ви е во петта брзина

Ако ви лупа срцето и прескокнува откако сте се напиле кафе, постои голема веројатност за тоа да е крив токму кофеинот. Некои луѓе се чувствителни и на помала количина кофеин.

Се чувствувате немирно и анксиозно

Можеби тоа го предизвикало утринското кафе. Некои луѓе се многу чувствителни на кофеин и почнуваат да чувствуваат немир, раздразнетост и анксиозност и по една шолја кафе со кофеин. На некои им смета дури и бескофеинското кафе.

Не можете да заспиете

Ова е причина зошто луѓето пијат кафе додека се уморни. Кофеинот го подига нивото на адреналин, па можете да се чувствувате поенергични и да не ви се спие. Тоа особено може да помогне во понеделник наутро кога ви треба екстра енергија.

Чувствувате глад

Некои луѓе се трудат со помош на кофеинот да го намалат апетитот, но пиењето кафе всушност може да има спротвен ефект. Кофеинот ја зголемува работата на хормонот кој пак, го зголемува чувството на глад.

Мислите дека не можете без кафе

Доколку помислата да се откажете од своето утринско кафе кај вас предизвикува благ напад на паника, тоа не е знак дека сте зависни? Сепак, не се трудете да пресечете нагло, обидете се да го намалувате внесувањето на кафе постепено, малку по малку, инаку може да ве изненади силен умор и главоболка.

Незаборавна забава: Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден!

Галерија: 

Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден! 

Една година исполнета со незаборавни моменти и уживање! Уникатно место за одлична забава, превкусна храна и загарантирано одлична атмосфера. После 1 година работа со над 100 забави, повеќе од 50 семејни прослави, дефинитивно станаа омилено место во градот на секоја генерација. Тарапана не е само обична кафана ова е кафана со душа во која се ужива во комбинација со вкусна храна и разновидна музичка програма.

Вчеравечер по повод една година постоење направија незаборавна роденденска забава. Како секогаш, и овој пат се потрудија на своите гости да им приредат повеќе од одлична забава. За атмосферата да биде вистинска "тарапана" се погрижија безвременскиот Дарко Филиповиќ и Dj Boban Nikolic.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

Галерија: 

Најчитани

Твитови