Четврточна доза добро расположение и астрологија, (09 Август, 2018)

Овен  

Доколку досега во вашиот љубовен живот немаше ништо за пофалба, денес работите ќе се сменат. Некој ваш пријател чувствува нешто повеќе од пријателство кон вас. Доколку и вие така се чувствувате, тоа ќе биде позитивна промена во вашиот живот.

Бик

Негативната енергија исфрлете ја во теретана, не на вашите блиски. Потрудете се да бидете љубезни кон сите, не се знае кој утре ќе ви биде потребен. Партнерот ќе се почуствува убаво во ваше присуство.

Близнаци

Доколку денот ви биде исполнет со обврски, вечерта дозволете си кратка релаксација и на вашето тело и на вашиот ум. Наспијте се, потребен ви е сон. Здравјето е во ред, но добро би ви било да одите не рутински преглед кај лекар.

Рак

Започнете го денот со утринска гимнастика. Станете малку порано, вежбајте, но не го заборавајте и појадокот. Така ќе имате доволно енергија во текот на целиот ден и без проблем ќе можете да ги извршувате обврските.

Лав

Доколку во последно време се имале тешки задачи и обврски кои треба да ги извршите, искористете ја денешната позитивна енергија. Денес е вистинско време да се состанете со некои луѓе и да разговарате за важни работи.

Девица

Денес е одличен ден за започнување на нова љубовна романса, па денеска многу е е веројатно дека ќе запознаете нова, интересна личност. Не ја запоставувајте работата, она што можете да го завршите денес, не оставајте го за утре.

Вага

Имате голема количина на ентузијазам која ви помага и ве турка напред. Затоа денес потрудете се таа позитивност да ја пренесете и на другите околу вас. Не избрзувајте со одлуките кои ги донесувате, некои од нив може да бидат против ваша корист.

Скорпија

Ќе бидете разочарани од некој ваш близок, кој наместо да ви помогне после побараната помош, само ќе ви направи уште поголем хаос во мислите. Можеби е време да се потпрете на себе и да ги преземете работите во свои раце.

Стрелец

Направете мала промена во животот не дозволувајте монотонијата да ви го одзема позитивното расположение. Кафе со стар пријател ќе ви дојде добро. Можни се болки во колената, затоа не се оптеретувајте.

Јарец

Денот ќе ви започне со некоја добра вест. Цел ден мислите ќе ви бидат на друго место, вашата отсутност ќе ја забележат и вашите претпоставени. Потрудете се да си ги исполните сите обврски што ви се предвидени.

Водолија

Имате потреба да воведете некои промени во вашиот живот, но сѐ уште не знаете кои ви се приоритетите. Послушајте го вашиот внатрешен глас или совет од некоја личност која добро ве познава, и нема да згрешите. Доколку планирате некое патување, испланирајте ги однапред сите трошоци.

Риби

Обрнете внимание на малите детали, посебно на оние во врска со вашиот изглед. Можно е да бидете во ситуација во која е потребно да оставите што е можно подобар впечаток. Ако дадете сѐ од себе и ако се однесувате природно, можни се и нови, квалитетни познанства.

Брачните терапевти тврдат: Разводот не е неуспех, туку доказ дека бракот бил успешен!

Бракот и понатаму може да се смета за успешен дури и ако заврши со развод, велат психотерапевтите. Брачните советници тврдат дека бракот е дизајниран со цел луѓето да можат да "растат" - и понекогаш ја "прераснуваат" таа врска.

Важно е да се прифатат промените во бракот, а не да се стравува од нив.

Хал Рункел, брачен терапевт од Атланта вели дека "бракот има една цел", а тоа е луѓето да постигнат личен раст во него. Во својата пракса тој вели дека никогаш не ги предомислувал партнерите ако тие одлучиле да се разведат, а според него, разводот не претставува неуспех.

"Бракот е совршено дизајниран за да ни помогне да пораснеме. Тој создава предизвици, ја открива нашата себичност и незрелост. А тоа е добра работа. Тој постојано бара од вас психички да растете и да се развивате, а тоа понекогаш значи и разделба од вашиот партнер", вели Рункел.

Њујоршкиот психолог Лаура Маркам се сложува со Рункел и додава:

"Да бидете способни да ги прифатите околностите и искуствата во животот како прилика за развој, а не како нешто што ќе ве направи среќни или несреќни е клучот за задоволство во врската".

Причини зошто Ви доцни менструалниот циклус а не е во прашање бременост!

Доколку менструалниот циклус Ви доцни не мора да значи дека станува збор за хормони, бременост или прерана менопауза. Обрнете внимание дали го запоставувате Вашето здравје, бидејќи тоа може да предизвика нарушен месечен циклус.

Некои од причините можат да бидат стресот, патувањата кои се шок за организмот и премалку сон. 

Стрес

Стресот може да се предизвика од трауматични настани како смрт или болест на блиска личност, раскинување, преселување или губење на работно место. Сите ситуации кои нагло се случуваат во Вашиот живот значително го зголемуваат нивото на стрес.

Имено, стресот влијае на делот на мозокот под името хипоталамус кој ги регулира хормоните во телото, помеѓу сè и менструалниот циклус, кој може да биде нередовен, а крварењата да се обилни или многу слаби.

Патување

Патувањата посебно оние подолгите можат да бидат голем шок за телото. Несоницата, нервозата и уморот се само некои од симптомите за нередовна менструација поради различните временски зони.

Таквите промени влијаат на циклусот, кој може да стане пократок или подолг. Но, не грижете се, менструацијата би требало да се нормализира после два до три циклуси.

Малку сон

Одмор не е седење пред ТВ, туку мора да се наспиете. Малку сон може да предизвика бројни негативни промени во организмот како пад на имунитетот, нервоза, умор и омалаксаност, но и пореметување кај менструалниот циклус.

Докажано е дека на човекот му се потребни 7 до 9 часа сон и поради тоа е потребно да се променат дневните рутини и да му овозможите на телото доволно време да се одмори.

Ангелика Кенова вистинска жива Барбика: Изгледа како кукла и живее под „стаклено ѕвоно“! (ФОТО)

На сите ни е познато дека девојките од Русија се исклучително убави и дека имаат многу додворувачи, но приказната на Ангелика Кенова е нешто што не го гледаме секој ден.

Таа никогаш не излегува сама од дома, бидејќи постојано со неа има телохранители. Имено, медиумите веќе пишуваа за тоа дека Ангелика е многу убава, па родителите ја штитат од момчињата.

Ангелика изгледа како човечка Барбика, а изгледа дека тоа предизвикува големо внимание. Таа истакнува дека нејзините родители постојано ја гледале како вистинска принцеза и дека не ја пуштале да излегува сама.

Не излегувала со момчиња, како другите девојки, не води нормален живот, бидејќи изгледа како кукла.

"Додека бев девојче, родителите ме претвораа во Барбика и ми беше драго што луѓето така ме доживуваа, бидејќи таа е идол на девојките ширум светот", рекла таа.

Напоменува дека немала пластични операции и дека сѐ што е на неа е природно. Меѓутоа, многумина не веруваат во нејзината приказна.

Додава и дека родителите ја тераат редовно да вежба, па признала дека сака да го напушти својот живот кој сега е под "стаклено ѕвоно" и да почне да живее како сите други нормални девојки.

Најчитани

Твитови