Јелена Карлеуша без влакна на јазикот: Повторно јавно ја прозва Кија Коцкар и нејзината „музичка“ кариера!

Карлеуша се уште е бесна на Кија Коцкар и Теодора Џехверовиќ поранешните уческички на реалното шоу „Задруга“. Воедно ги одбива сите клубови во кои тие настапуваат. 

„Клубовите кои носат ријалити ликови не може да очекуваат дека и јас ќе пеам на исто место колку пари и да ми платат. Жал ми е“, напиша Јелена Карлеуша на Твитер.

Меѓутоа, ова не е првпат таа да се огласи по овој повод. Кога Кија ја промовираше својата прва песна, Карлеуша и тогаш имаше свој коментар.

„Знаете што ако во Србија, Кија со вакво пеење, изглед и харизма е во тренд, сериозно размислувам да вложам пари во мојата дадилка и гардероберка. Би растуриле! Јас не се шегувам“ , напиша поп дивата. 

Тамара Тодевска го покажа трудничкото стомаче! (ФОТО)

Тамара Тодевска е активна трудница, изгледа одлично, па речиси и не налкикува дека скоро е влезена во седмиот месец од бременоста. Неодамна објави фотографија каде што го покажува своето трудничко стомаче, па слободно можеме да кажеме дека бременоста ѝ прилега доста.

Тајни кои ги кријат личностите родени во знакот Вага!

Вагите се познати по тоа што имаат високо развиени логички способности, па умеат правилно да расудуваат. Меѓутоа, во продолжение откријте некои работи кои се помалку познати за овие личности.

Вагите тежнеат кон долги и значајни врски

Ретко која личност родена во знакот Вага ќе се пронајде во кратките врски без смисла. Тие се спремни да бидат трпеливи и да ја чекаат вистинската личност.

Тие се особено внимателни

Вагите знаат многу повеќе отколку што покажуваат. Тие постојано го набљудуваат светот околу себе и си „прават белешки“ во својата глава за сето она што го гледаат.

Вагите умеат да бидат непредвидливи

Кога е во прашање Вагата, не постои секогаш баланс. Како воздушен знак, тие може да бидат непредвидливи. Во еден момент може да помислите дека целосно сте ги сфатиле овие личности, но веќе наредниот Вагата ќе направи нешто што не сте ни помислувале.

Најчитани

Твитови