Иако станува збор за сезонско овошје чиј вкус не е посебно поинаков од останатите плодови, во Јапонија овие ремек дела се продаваат и до 20 000 евра по парче.
Сембикија е една од најпознатите пиљари на светот, а основана е во 1834 година.

Позната е по посебно обликувани плодови на овошје и зеленчук, чии пропорции се споредуваат со уметнички дела. Ова компанија продава лубеници во облик на срце, грозје со големина на понг – понг топче, јагоди кои неодоливо наликуваат на топчиња за тенис. Својата виртуозност вработените во оваа компанија ја развивале речиси два века.
Цена на градинарски и овошни производи ги прават овие две гранки на полјоделство доста исплатливи затоа што Јапонија е земја со доста мали површини на обработливо земјиште. Ако се земе во предвид и вештина на обликување на плодовите, не е чуден фактот што овие производи на јапонскиот и светски пазар досегнуваат цена на една гарсониера во Скопје.
„Многу е тешко да се направи обликувано овошје. Да ги земеме на пример јагодите. Нашите специјалност е да ги обликуваме во правилна топка“, се зборовите на сопственикот на фирмата Ничија Окуде.

Јапонија е земја во која овошјето зазема исклучително важно место во пирамидата на исхраната на општеството. Поради природните потенцијали, Јапонците не можат да се пофалат со големи производствен капацитети.
Еден од најпопуларните производи во јапонската пиљара е грозје кое има форма на пинг – понг топче. Сепак, во текот на сезоната се произведуваат само 2400 грозда, а цената на еден изнесува неверојатни 1000 евра.