Здраво петок. Дневни ритуали - кафе и астрологија, (10 Август, 2018)

Овен 

Денес едноставно не е ваш ден. Ќе се чувствувате уморно и депресивно, а луѓето околу вас постојано ќе ви одат на нерви. Иако можеби времето ви ги расипа плановите за излет, не очајувајте, со добри пријатели сѐ може да се постигне.

Бик

Овој ден ќе ви биде од голема важност. Потрудете се да ја искористите креативноста на позитивен начин и да ја вложите во некој проект. Кон крајот на денот очекувајте изненадување од блиска личност.

Близнаци

Денешниот ден ќе ви донесе блиска средба со партнерот и не трудете се да го уништите тоа со вашата презафатеност. Посветете им вниманите и на пријателите, на некој од нив ќе му биде потребен вашиот совет.

Рак

Денеска ќе морате да бидете истрајни и подготвени на сите искушенија во деловноста. Контролирајте ја импулсивноста. Мислите дека сте полни со елан и ентузијазам, што е навистина позитивно. Ќе бидете исцрпени од тоа што премногу се бара од вас, а самодовербата ќе ви биде разнишана.

Лав

Зафатете се со работа – не чекајте. Не ја одбивајте соработката од колегите, бидејќи не ќе можете сами. Расположението малку ќе ви опадне, бидејќи некој од оклината нема да ви даде признание за кое верувате дека сте го заслужиле. Обрнете повеќе внимание на физичкиот изглед, не се запоставувајте.

Девица

Денес може да ви се случи пред некој љубовен заплет да побегнете и да најдете сигурност на работното место. Низ работата ќе дојдете до некои важни сознанија кои нема да се однесуват само на работата која моментално ја работите. Она што не ќе можете да го решите оставете го отворено, не ја трошете непотребно енергијата.

Вага

Денот е како создаден за флерт, љубов, уметност и разни други убави случувања. Спрема партнерот чувствувате силна физичка привлечност, па можно е вашиот сексуален живот да доживее вистинска кулминација.

Скорпија

Успешно ги совладувате работните пречки. На соработниците им пречи вашиот перфекционизам комбиниран со желба да критикувате. Една Водолија ќе се обиде да ве изнервира, но вие успешно ќе се одбраните.

Стрелец

Сакате да бидете на чисто со некои работи поврзани со вашата средина, бидејќи самите никаде не се ангажирате, па ништо не зависи од вас. Повеќето припадници на овој знак чекаат помош од пријателите. Дали е тоа во ред?

Јарец

Ги задоволувате своите потреби, без разлика дали се работи за уметнички интереси, желба за луксузни работи… Ви се нудат љубовни предизвици во изобилие. Што би можеле повеќе да посакате?

Водолија

Насочете ја енергијата на најдобар можен начин. Медитацијата ви помага да ги спречите несаканите последици во вид на депресија. Сите постапки зависат од другите луѓе, превенствено од односите со спротивниот пол.

Риби

Среќниот период продолжува. Она за што подолго време фантазиравте сега ви се исполнува. Денот минете го со пријатели во некое кафуле. Причини за убава атмосфера и славење има во голем број. Некоја ваша поранешна љубов може повторно да влезе во вашиот живот.

Брачните терапевти тврдат: Разводот не е неуспех, туку доказ дека бракот бил успешен!

Бракот и понатаму може да се смета за успешен дури и ако заврши со развод, велат психотерапевтите. Брачните советници тврдат дека бракот е дизајниран со цел луѓето да можат да "растат" - и понекогаш ја "прераснуваат" таа врска.

Важно е да се прифатат промените во бракот, а не да се стравува од нив.

Хал Рункел, брачен терапевт од Атланта вели дека "бракот има една цел", а тоа е луѓето да постигнат личен раст во него. Во својата пракса тој вели дека никогаш не ги предомислувал партнерите ако тие одлучиле да се разведат, а според него, разводот не претставува неуспех.

"Бракот е совршено дизајниран за да ни помогне да пораснеме. Тој создава предизвици, ја открива нашата себичност и незрелост. А тоа е добра работа. Тој постојано бара од вас психички да растете и да се развивате, а тоа понекогаш значи и разделба од вашиот партнер", вели Рункел.

Њујоршкиот психолог Лаура Маркам се сложува со Рункел и додава:

"Да бидете способни да ги прифатите околностите и искуствата во животот како прилика за развој, а не како нешто што ќе ве направи среќни или несреќни е клучот за задоволство во врската".

Причини зошто Ви доцни менструалниот циклус а не е во прашање бременост!

Доколку менструалниот циклус Ви доцни не мора да значи дека станува збор за хормони, бременост или прерана менопауза. Обрнете внимание дали го запоставувате Вашето здравје, бидејќи тоа може да предизвика нарушен месечен циклус.

Некои од причините можат да бидат стресот, патувањата кои се шок за организмот и премалку сон. 

Стрес

Стресот може да се предизвика од трауматични настани како смрт или болест на блиска личност, раскинување, преселување или губење на работно место. Сите ситуации кои нагло се случуваат во Вашиот живот значително го зголемуваат нивото на стрес.

Имено, стресот влијае на делот на мозокот под името хипоталамус кој ги регулира хормоните во телото, помеѓу сè и менструалниот циклус, кој може да биде нередовен, а крварењата да се обилни или многу слаби.

Патување

Патувањата посебно оние подолгите можат да бидат голем шок за телото. Несоницата, нервозата и уморот се само некои од симптомите за нередовна менструација поради различните временски зони.

Таквите промени влијаат на циклусот, кој може да стане пократок или подолг. Но, не грижете се, менструацијата би требало да се нормализира после два до три циклуси.

Малку сон

Одмор не е седење пред ТВ, туку мора да се наспиете. Малку сон може да предизвика бројни негативни промени во организмот како пад на имунитетот, нервоза, умор и омалаксаност, но и пореметување кај менструалниот циклус.

Докажано е дека на човекот му се потребни 7 до 9 часа сон и поради тоа е потребно да се променат дневните рутини и да му овозможите на телото доволно време да се одмори.

Ангелика Кенова вистинска жива Барбика: Изгледа како кукла и живее под „стаклено ѕвоно“! (ФОТО)

На сите ни е познато дека девојките од Русија се исклучително убави и дека имаат многу додворувачи, но приказната на Ангелика Кенова е нешто што не го гледаме секој ден.

Таа никогаш не излегува сама од дома, бидејќи постојано со неа има телохранители. Имено, медиумите веќе пишуваа за тоа дека Ангелика е многу убава, па родителите ја штитат од момчињата.

Ангелика изгледа како човечка Барбика, а изгледа дека тоа предизвикува големо внимание. Таа истакнува дека нејзините родители постојано ја гледале како вистинска принцеза и дека не ја пуштале да излегува сама.

Не излегувала со момчиња, како другите девојки, не води нормален живот, бидејќи изгледа како кукла.

"Додека бев девојче, родителите ме претвораа во Барбика и ми беше драго што луѓето така ме доживуваа, бидејќи таа е идол на девојките ширум светот", рекла таа.

Напоменува дека немала пластични операции и дека сѐ што е на неа е природно. Меѓутоа, многумина не веруваат во нејзината приказна.

Додава и дека родителите ја тераат редовно да вежба, па признала дека сака да го напушти својот живот кој сега е под "стаклено ѕвоно" и да почне да живее како сите други нормални девојки.

Најчитани

Твитови