Турскиот заводник Бурак Озчивит со најискрено интервју досега: За кариерата и многу детали за бракот со Фахрие!

Турскиот заводник Бурак Озчивит во последното интервју за турскиот весник „Хуријет“ освен за неговата професионална кариера проговори и за брачниот живот со актерката Фахрие. 

Дали ви смета што сте толку убави, можеби вашата личност не доаѓа до израз поради тоа?

„Не. Бидејќи глумата е поврзана само со улогата што ја играте. Треба да станете личноста што ја играте. Кога ќе успеете, никој не те гледа повеќе вистински, туку личноста што ја играш“.

Како е твојот брак?

„Одлично. Фахрие е моја единствена“.

Читате ли доста невистини за вас?

„Станувате наутро, го отворате вести и не верувате во она што го читате“.

Како реагирате на лажни вести?

„Никогаш не реагирам на тоа. Не ги негирам ниту на социјалните мрежи. Луѓето ќе дознаат дали тоа не е вистина когатогаш“.

Каде одиш да се одмориш од сè?

„Не можеме да се одмориме во Турција. Пред тоа патував низ земјата, но сега немам многу слобода. Фахрие и јас сакаме да  да се качиме на мотор и да се возиме низ градот. Се качуваме и возиме до плоштадот Султан Ахмет“.

Како започна вашата врска со Фахриe?

„Се започна во заедничката серија “Каликуша”. Заедно снимавме филм. Потоа се вљубивме“.

Дали е љубоморна?

„Фахрие? Не, воопшто.

И таа е многу убава и секси жена. Дали вие сте љубоморни?

„Има голема љубов и почит меѓу нас. Ја знам нејзината работа, додека и таа мојата. Затоа, нема место за љубомора меѓу нас“.

Бебе?

„Тоа е судбина. Во моментов, не планираме“.

Како ја побаравте за жена?

„Фахрие го подготвуваше мојот роденден. Сакаше да ме изненади. Се разбира дека сфатив сè. Кога дојде до неа роденденската торта, го виде прстенот и остана во шок. Таа го планираше мојот роденден и ја прашав. Штом го виде прстенот, таа почна да плаче“, завршува познатиот турски актер Бурак Озчивит.

Беспрекорна кожа: Маска за лице од пиво која мора да ја пробате! (Рецепт)

Дали ви се верува дека ако во маската за лице учествува и пиво, тоа ќе даде неверојатно добри резултати за убавиот изглед на вашата кожа?

Потребни намирници:

Две лажици пиво,

Една лажица овесни јатки,

Една жолча од јајце,

Неколку капки масло од гроздови семки.

Начин на приготвување и употреба:

Исипете го пивото во овесните јатки и оставете половина час да набабрат. Во друг сад добро измешајте ги жолчката и маслото и додадете ги во овесните јатки.

Нанесете ја готовата маска на лицето, вратот и деколтето. Оставете да делува 30 минути и на крај измијте го лицето со млака вода.

Се препорачува маската да се прави 2-3 пати седмично во текот на еден месец.

19 годишната Сања од Скопје го воодушеви жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд!“ (ВИДЕО)

Кон средината на септември започна и новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ со нови правила, со нов член на жирито.

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и 19 годишната Сања Тодоровиќ од Скопје.  По нејзината изведба, доби два гласa од Ана Бекута и Џорџе Давид. Но кога Снежана Ѓуришиќ ја претстави Сања и откри дека е од Макеоднија, жирито беше видно изненадено.

„Ти имаш огромен потенцијал“, истакна Јелена Карлеуша која беше воодушевена што Сања е Македонка, а толку добро отпеа на српски јазик.

Настапот на Сања погледнете го во видеото подолу на 57:07

Нова принова: Се породи сестрата на Кејт - Пипа Мидлтон!

Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејм Метјуз станаа родители на момче, чие име се уште не е објавено.

Пипа се породи во истата болница каде што нејзината сестра Кејт ги роди трите деца. Момчето е тешко 3.628 грама, а извор близок тврди дека се чувстуваат добро. Портпаролот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјави дека двајцата се возбудени поради Пипа и нејзиниот сопруг.

Пипа Мидлтон се омажи за менаџерот на хеџ фонд Џејмс Метјуз во 2017 година. Ова е уште една убава вест од Велика Британија, откако пред два дена стана јасно дека принцот Хари и неговата сопруга Меган исто така ќе станат родители следната година на пролет.

Најчитани

Твитови