Три руски рецепти за брзо слабеење!

Ова се додатоци на диетата за слабеење но и добро здравје!

Најароматичниот зачин на планетата – циметот, својата употреба ја најде во сите светски кујни како составен дел на слатките, но исто така тој се користи во традиционалната медицина кај лица кои имаат проблеми со прекумерна тежина.

Со земање само половина кафена лажичка цимет на ден, дијабетичарите можат значително да го намалат нивото на шеќер во крвта. Експериментално е докажано дека циметот ги намалува мастите и лошиот холестерол, има фунгицидно дејство, ги уништува габите и го спречува нивниот раст.

Утрински чај

Утринскиот чај ќе биде уште повкусен ако додадете цимет, што што тој ќе стане природен пијалок за слабеење. Уште подобро ако во чајот додадете и мед.

Попладневна ужина

Во попладневните часови на циметот и медот додадете им и ѓумбир. Цимет и ѓумбир се уште една добра комбинација за губење на тежината. Во две кафени лажички мед измешајте половина лажиче цимет и половина лажиче ѓумбир. Ова може да го намачкате на тост за време на ужина.

Вечерен пијалок

Во вечерните часови, се препорачува да се зовријат 200мл вода со еднави делови на мед и цимет, по половина лажиче. Пијте половина час пред спиење.

Правила во исхраната на Ѓоковиќ: Прво чаша вода, па сè друго

Храната треба да се усогласи со потребите на телото, и на организмот да му се дава тоа што му треба и кога му треба.

Кога го сменил начинот на исхрана и намирниците што ги внесува во телото, Новак драстично напредувал во играта.

Во 2010 година Ѓоковиќ го сменил начинот на исхрана и тоа му донело неверојатен подем во светот на тенисот. Од 2011 година тој стана гладијатор на тениските терени, кој ги добива натпреварите и по шест часа игра.

Оттогаш Новак ги почитува овие свои 8 правила, кои ги опишува во неговата книгата „Сервирај за победа“.

1. Не јаде глутен и млечни производи

2. Шеќерот го сведува на минимум.

3. Неговата исхраната се базира на зеленчук, грав, риба, овошје, семки и здрави масла.

4. Со години не јаде црвено месо.

5. Најголемиот дел од неговото мени е од растително потекло.

6. Храната долго треба да се џвака за подобро да се свари.

7. Храната треба да се усогласи со потребите на телото, и на организмот да му се дава тоа што му треба и кога му треба.

8. Чаша со млака вода пие веднаш по станувањето.

Кралицата Летиција беспрекорна и во фустан кој може да си го дозволи секоја жена (ФОТО)

Кралицата Летиција (46) важи за една од жените со истенчен стил на облекување, па секое нејзино појавување привлекува големо внимание.

За разлика од многу славни дами кои не се оттргнуваат од брендираните парчиња облека, кралицата Летиција знае да облече и модели од комерцијални и поповолни брендови.

Така таа во кралската палата Зарзуела во Мадрид се појави во темносин фустан со бели коцкасти форми.

Моделот со кратки ракави и со копчиња на предната страна е украсен со џебови и има нееднаков раб, додека околу половината таа стави темносин ремен.

Со тоа комбинираше и високи потпетици од Каролина Херера од превртена кожа во истата боја.

Поради дојава за бомба 130 луѓе евакуирани од белградскиот аеродром

Од авион на Луфтханза на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград утрово поради дојава дека е поставена бомба се евакуирани 130 патници и пет члена на екипажот, објавија белградските медиуми.

Контрадиверзионата единица Министерството за внатрешни работи била испратена на аеродромот по дојавата. 

Авионот бил подготвуван за лет до Франкфурт.

„Сите надлежни служби, вклучувајќи ги аеродромските служби, реагираа веднаш, во согласност со процедурите за обезбедување највисоко ниво безбедност на патниците и авионот како главен приоритет“, велат на аеродромот.

Воздушниот сообраќај на аеродромот „Никола Тесла“ Белград цело време се одвива според предвидениот ред на летање.

Најчитани

Твитови