По овие фотографии сигурно ќе размислите за користењето на паметните телефони и таблетите во кревет.

Иако веќе е добро познат податокот дека уредите го нарушуваат квалитетот на сонот, но судејќи според објавата на противпожарната служба од Њу Хемпшир, тие можат да ги доведат и нашите животи во опасност.
Противпожарната служба објавила фотографии од запалена прекривка и перница, како предупредување на тоа што може да му се случи на секој од нас.

"Истражувањата покажуваат дека 53 отсто од децата/тинејџерите ги полнат своите мобилни телефони или таблети на креветот или под перницата. Во тој случај температурата расте, а полначот станува се потопол", велат тие.
"Избегнувајте полнење на уредите во екстремни случаи, кога е претопло или престудено, и не ги полнете уредите во било какви кутии бидејќи тоа ја зголемува температурата", заклучува Ротман.