Животни совети кои секоја мајка треба да му ги предаде на својот син!

Некои животни лекции најдобро се учат на училиште, некои помеѓу луѓето кои ги нарекуваме пријатели, но најдобрите и најдрагоцени лекции се учат дома.

Многу често мајките ја потценуваат својата улога на учителки во животот на нивните синови. Реалноста е дека како ќерките, така и синовите, имаат потреба од мудрите зборови на личностите кои ги довеле на овој свет.

Еве кои скапоцени лекции секоја мајка треба да ги вреже во умот на својот син:

1. Не грижи се за тоа дали јас или твојата избраничка се гордееме со тебе, грижи се дали ти се гордееш со себе.

2. Не дозволувај егото да те спречи да кажеш „Извини“. Ќе изгубиш многу сакани личности и ќе пропуштиш многу шанси поради тоа.

3. Светот не се врти околу тебе. Можеби мојот да, но не и на останатите луѓе. Не биди себичен. Почитувај го туѓото време и секогаш биди точен.

4. „Валканиот“ хумор не е секогаш најзабавна варијанта да насмееш некого. Научи да бидеш забавен на достоинствен и културен начин. Зборовите можат да болат.

5. Девојките во реалниот живот не изгледаат како ангелите од Victoria’s Secret. Не се стреми кон идеалот за жена кој ти го пласираат медиумите и брендовите.

6. Најди личност која ќе знае да те насмее и која ќе те почитува и помини го животот со неа. Твојата љубовна врска ќе влијае на сите останати аспекти од твојот живот.

7. Третирај ја својата сопруга како кралица и таа ќе те третира како крал за возврат.

8. Однесувај се кавалерски кон сите жени, особено кон твојата избраничка. „До крајот на животот“ е прилично долг период за да го поминеш со личност која ја иритираат твоите манири. Биди џентлмен, употребувај го изразот „дамите први“, отворај ѝ ја вратата на саканата… кавалерството не треба да умре.

9. Не ја споредувај својата сопруга со мене. Штом ти си ја избрал да стои до тебе, таа е прекрасна на свој начин.

10. Биди силен, но нежен истовремено. Добрите момци завршуваат први, а не последни.

11. Искажувај ги своите емоции. Со потиснувањето на чувствата креираш темпирана бомба која кога-тогаш ќе експлодира. Наместо душата тивко да ти вреска од фрустрации, да го криеш срамот или да ја гризеш устата од возбуда, изразувај се слободно. Чувствата не се табу тема.

12. Жената може да направи речиси сè што можеш и ти, но твојата помош ќе биде секогаш добредојдена.

13. Ова е рерна, машина за перење, правосмукалка… Научи да ги користиш апаратите во домаќинството. Домашните обврски не се само за жени.

14. Ако девојка отсечно ти одговори „Ништо“ на прашањето „Што ти е?“, треба да знаеш дека те лаже.

15. Кондомите можат да ти го спасат животот.

16. Спуштај го капакот пред да излезеш од тоалетот. Некој треба да ја употреби веце шолјата по тебе.

17. Гордеј се со својот изглед и негувај го. Хигиената е пред сè.

18. Пријателите се најдобри партнери за танцување низ животот. Избери го квалитетот пред квантитетот. Опкружи се со добри луѓе.

19. Не започнувај кавга, но научи како да се одбраниш. Не ја користи тупаницата за да решиш проблем. Таа може да одземе живот. Користи зборови, не раце (освен во самоодбрана).

20. Неследењето на групата не те прави губитник, туку лидер сам на себе. Ако гледаш дека твоите врсници се на лош пат, не им се придружувај само за да се вклопиш. Не ги исмејувај послабите и поддржи ги оние кои се исмевани.

Лекарите откриваат, какви се проблеми со очите ни предизвикуваат компјутерите!

Околу 80 отсто од луѓето кои поминуваат повеќе од три часа дневно пред компјутер мислат оти тоа им прави проблеми, а половина од нив велат дека тоа им штети на очите, тврди германскиот Сојуз на офталмолози.

Пацинетите како проблеми ги наведуваат сушење на очите, загалување на погледот, главоболки, чувствителност на светло и замор. Она што е ефикасно е да направите повеќе мали паузи отколку една долга, како и да држите билки во канцеларијата.

Тие се добри за превенција на сушењето на очите зашто додаваат влажност.

Освен тоа, мониторот држите го под прав агол во однос на прозорецот и светилките, избегнувајте индиректно осветлување, а очите држите ги 50 до 80 сантиметри оддалечени од екранот – со што ќе го намалите заморот и проблемот со очите.

Еве зошто треба да имате тврд сапун во секоја соба!

Лекарите откриваат зошто е добро да имате сапун во секоја соба:

Убоди од инсекти

Доколку ве мачат убоди од инсекти, намокрете го сапунот и протријте го од местото каде што се наоѓа убодот.

За подмачкување предмети

Доколку чкрипи вратата, фиоката или подот, протријте сув сапун на местото и уживајте во тишината.

За одглавување заглавени работи

Прозорите кои се заглавиле може да ги подмачкате со сув сапун за лесно да се одглават.

Отстранување непријатни миризби

Наместо да користите миризливи свеќи, освежете го својот плакар, фиока ставајќи сапун таму каде што сакате да мирисаат облеките.

Отстранување флеки

Ако имате жолти траги на крагњата или некои точки на облеката, намачкајте сапун преку нив и оставете го така се до перењето на облеката.

Тесни чевли

Тврда кожа? Намачкајте сапун на деловите каде што ве стегаат чевлите, како што се горниот внатрешен дел и аглите.

Потресна приказна на руска манекенка која била приморана гола да скокне од шести кат во Дубаи!

Руската манекенка, 23 годишната Екатерина Стетсјук, која бегајќи од маж кој сакал да ја силува, скокнала од шести кат во хотел во Дубаи.

Таа тврди дека шефот кој е Пакистанец, кој како сопственик на агенција за модели ја одвел во Дубаи, пробал да ја  силува под закана со нож во хотелска соба, при што подоцна а тој ја обвинил дека сакала да го убие.

Во московската програма „On Air Live“, раскажала дека се спротиставувала на неговите напади, но дека ја повикал во работно време да дојде во хотелот во кој престојувал. 

-Почна сексуално да ме вознемирува, да ми ги допира колената. Сфатив дека морам брзо да одам, вели таа.

-Побегнав во ходник, но тој ме фати за коса и извлечка во собата. Зема нож и ме притисна на ѕид, држејќи ме за врат, почна да ме дави, продолжува таа.

После тоа ја натерал да се соблече.

-Ужасно се плашев, не толку дека ќе ме силува, најмногу се плашев дека ќе ме убие, кажала манекенката.

Таа успеала да се тргне од него и гола скокнала низ прозор, а преживеала само благодарејќи на тоа што паднала на тенда.

Се уште се опоравува во болница од повеќекратните повреди на грбот кога е уапсена. Вели дека два пати е оперирана и дека и вградиле титаниумска плочка во грбот, како повторно би можела да оди.

-Полицијата едноставно ме извлече од кревет. Во тоа време можев само да ги мрднам прстите и вратот. Ме сместија количка, ми го одземаа телефонот и ме однесоа.

Таа додава дека е обвинета дека го нападнала Пакистанецот со нож.

-Тоа е измислица. Тоа е муслиманска земја, во која законот ги штити мажите, вели таа.

Стетсјук се вратила во Русија после три месеци во затвор, додека нејзиниот шеф кој бил депортиран во Пакистан, поминал без казна.

Манекенката сепак признава дека згрешила што ја прифатила работата и вели дека имала „луда среќа“.

Најчитани

Твитови