Мажи внимавајте: Доколку избегнувате секс, ви се заканува еректилна дисфункција!

Мажите кои мошне ретко водат љубов имаат двојно поголеми шанси да доживеат еректилна дисфункција, се наведува во најновото истражување.

Развод. Работа. Патување. Семејство. Многубројни се причините поради кои вашиот сексуален живот може да страда. Некои работи кои ви се „закануваат“ без секс се:

Напади на нервоза. Сексот понекогаш служи како издувен вентил, а лицата кои апстинираат од сексот потешко ги поднесуваат стресните ситуации, како на пр. јавни настапи, од оние кои имале односи во изминатите две недели. Во текот на сексот, мозокот ги отпушта хормоните на „среќата“ кои ве опуштаат.

Мажи, поголеми ви се шансите за развој на рак на простата. Мажите кои апстинираат од секс ја пропуштаат заштитата која честата „употреба“ на простата ја пружа. Истражувањата покажале дека мажите кои често практикуваат секс имаат 20 отсто помали шанси за развој на рак на простатата. Причината е веројатна таа што во текот на ејакулацијата од простатата се отстрануваат потенцијално штетните материи.

Ослабен имунолошките систем. Недостатокот на сексуални активности може да го ослаби имунолошкиот систем. Лицата кои два пати неделно уживаат во сексот, уживаат и во 30 отсто зголеменото отпуштање на имуноглубинот (ИгА), кој е првата линија во одбраната на организмот од вирусите.

Мажи, ви се заканува еректилна дисфункција. Мажите кои мошне ретко водат љубов имаат двојно поголеми шанси да доживеат еректилна дисфункција, се наведува во најновото истражување. Со оглед на тоа што пенисот е мускул, редовниот секс може да одржува силна ерекција, токму како што вежбањето може да ги одржува мускулите силни.

Лековити дејства на маслото од семки од тиква!

Во текот на годините се појавија многу здрави и популарни масла за јадење, што стана навистина збунувачки да се одбере вистинското.

Она што остана непроменето е хранливата вредност на маслиновото масло, а сега тоа добива нов „пријател“ што би требало да се најде на вашите полици во кујната.

Се работи за масло од семки од тиква, кое освен што е лековито и ароматично, е и суперхранливо бидејќи е полно со минерали, витамини, протеини и незаситени масни киселини.

Секако, најквалитетно е ладно цеденото и треба да се консумира како додаток во храна, без негова термичка обработка.

1. Ова масло е богато со олеинска киселина, која го намалува лошиот холестерол.

2. Богато е со витамините Д, Е и К, со магнезиум, железо, манган, бакар, цинк и селен.

3. Поради глутаминската киселина која ја содржи, може да се каже дека маслото од семки од тиква е и природен антидепресив.

4. Има диуретски ефект и ја подобрува работата на целиот уринарен систем.

5. Ја подобрува работата и на дигестивниот систем и ги прочистува цревата.

6. Ова масло има и козметичка примена. Можете да го користите за нега на коренот на косата. Масирајте ја кожата на главата со прсти потопени во масло од семки од тиква.

7. Поради својот вкус, додава нова димензија на аромите во салатите, сосовите, варениот или печен зеленчук, месото, но и во одредени видови колачи, како што се домашните ванилици.

Родителите vs. баби: Кој како го чува детето! Чиста вистина...

Баба ви има билка која е решение за секој здравствен проблем и главна грижа во животот и е да не сте гладни и да не ви студи.

Родителите знаат сè за нас, а бабите дури и малку повеќе. Ако ја прашате мајка ви кое ви е омилено јадење, ќе одговори како од пушка, но ако ја прашате баба ви, таа веќе ќе го има приготвено за вас.

И веруваме дека на ум ви доаѓаат уште илјада такви примери кога бабите се заложувале и повеќе од доволно за вас.

Како чуваат дете родителите vs. како чуваат дете бабите:

Од најдобри пријателки до непријатели: Еве зошто Кија Коцкар ја откачи Ана Кораќ!

Кристина Киа Коцкар и Ана Кораќ беа најдобри пријатели во првата сезона на реалното шоу „Задруга“, а тие продолжија со своето пријателство и по неговото завршување.

Сепак, се чини дека нешто крупно се променило, со оглед на тоа што на социјалните мрежи почнаа да циркулираат информации дека Киа ја „откачила“  Ана. Како главна причина, се наведува фактот дека Ана била во добри односи со Луна Ѓогани, откако обете влегоа во втората сезона на „Задруга 2“

Најчитани

Твитови