Четврточна доза астрологија, (13 септември, 2018)

Овен 

Не прифаќајте понуди кои во ниту еден случај не ви одговараат, особено не ги прифаќајте понудите на некој Бик или Скорпија. Ќе бидете нетрпеливи во работата со млади лица, иако вие всушност на нив се ослонувате. Ако постои нешто што не сте го направиле како што треба, денес можете јавно да говорите за тоа, денешниот ден е погоден за настапи во јавност.

Бик

Подготвени сте на отстапки, особено кога станува збор за Овен или Близнаци. Во пријателските односи сте исклучитело фер и подготвени сте да се жртвувате за оние кои ви се драги. Вие сте во вашиот елемент особено ако денес се одлучите да решите некои прашања кои се однесуваат на големи пари.

Близнаци

Денес ќе забележите колку луѓе сакаат да бидат пријатели со вас. Тоа ќе биде така поради вашата способност за слушање кога некој зборува. Отворени сте кон туѓите идеи и не се навредувате дека некој пат никој не ги слуша вашите. Искористите ја вашата интуиција за да забележите кој меѓу луѓето има потреба од прегратка и утеха.

Рак

Не сакате да зборувате за вашиот фамилијарен живот со никого, иако многу работи ве мачат. Близнаците ви даваат на знаење дека ги нервира вашата амбиција, а на вас ви се чини дека за многу прашања не сте ни прашани.  Треба да бидете помалку чувствителни на критика. Можна е љубоморна сцена со вашиот партнер или несогласувања со соработниците и тоа со силна причина.

Лав

Денешниот ден може да биде стресен ако не сте подготвени да се прилагодите на условите кои ви ги поставуваат Близнаците, Овенот или Девицата. Сепак, можете да очекувате дека добро ќе поминете дури и на работа, особено ако се занимавате со уметност и уживате во својата работа. Подготвени сте да се соочите со помалите проблеми од финансиската природа на начин на кој претходно не сте биле подготвени.

Девица

На некого сте му многу драги, тоа може да е една Вага која ќе ви предложи заедничка работа. Иако делувате отворени, всушност прилично сте таинствени кога станува збор за нов бизнис, друштвени врски и сл. Ве нервираат оние кои се сомневаат во вашиот успех, не губете непотребно енергија на нив.

Вага

Многу ви е важно што за вас мисли некој Рак или некој Бик. Со некој Јарец тактизирате, не сакате сеуште да ја испуштите приликата која се однесува на можно напредување, иако, ако долг период сте незадоволни, подготвени сте да направите голем пресврт во работата.

Скорпија

Свесни сте колку е важно тоа што луѓето околу вас го мислат но многу поважно ви е вие да бидете задоволни самите со себе. Малкумина ве разбираат и малкумина се подготвени да го направат она што вие го очекувате, особено ако сте млади и недоволно афирмирани. Трудете се да оставите што е можно подобар впечаток кај некој Бик или Јарец.

Стрелец

Се чувствувате добро во поголемо друштво каде вниманието е насочено кон вас и постојано се трудите некого да фасцинирате. Имате многу идеи во врска со работата со младите лица но не сте сигурни дали ќе бидат прифатени на прав начин од вашите колеги.

Јарец

Не треба да ги потценувате своите работни способности, но немојте ниту да се преценувате. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос. Потрудете се да ги контролирате мааните. Пред вас има доволно поволни моменти

Водолија

Колку повеќе личности запознавате, толку посреќни ќе се чувствувате. Па затоа, започнете да разговарате со колегите или познаниците со кои досега не сте си разменувале повеќе од еден обичен поздрав. Напорите кои ќе ги вложувате за проширување на друштвената мрежа, еден ден ќе ви се исплатат.

Риби

Верувате дека ќе ви се јави некој кој е подготвен да ви помогне да ги решите важните проблеми. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите проблеми во врска со љубовта.

Жените во овие хороскопски знаци поместуваат планини поради љубов!

Некои жени во љубовта се водат според реченицата: "Подобро е да сакаш и да изгубиш, отколку никогаш да не сакаш", додека другите многу брзо забележуваат дека другата страна не се труди доволно и сами се откажуваат.

Овен 

Жените во овој хороскопски знак влегуваат во толку страствена врска што забораваат дека секоја врска има свои ризици и дека нема секогаш да биде како што треба. Тие едноставно им се препуштаат на пеперутките во стомакот.

Жените родени во овој знак премногу се трудат околу љубовните врски, а тоа понекогаш може да заврши еднострано, таа да се труди, а тој не.

Близнаци

Жените во овој хороскопски знак го обожуваат чувството на влегување во нова врска. Тоа ги возбудува, сакаат да почувствуваат нервоза и чувство на привлечност во исто време. Покрај страв, искрено говорат за своите чувства.

Вага

Вагите им се многу верни на своите партнери и избегнуваат расправии по секоја цена. Тие знаат дека толку многу ги сакаат партнерите што сѐ би направиле и дале за нив. На тој начин всушност го изразуваат своето воодушевување.

Стрелец

Овие жени често се сурови во своите врски, но се заљубуваат до уши и сакаат со цело свое срце. Во почетокот на врската доживуваат големи налети на страст. Тие се свесни дека можеби ќе бидат повредени и дека врската нема да трае долго, но сеедно страствено влегуваат во неа.

Риби

Тие се многу искрени и емотивни. Кога некој сакаат, нема да играат игри и нема да калкулираат дали ќе бидат повредени или не. Жените родени во овој знак имаат целосна доверба во партнерот и комплетно им се отвараат. Тоа е причната зошто често се повредени.

Лудост или храброст: Русин си го зема автомобилот од пајак служба! (ВИДЕО)

Руски ТВ канал пренесе видео од несекојдневната акција на еден Русин, кој по секоја цена сакал да си го врати автомобилот кој му го дигнал пајак службата.

Русинот сметал дека неговиот автомобил му бил незаконски одземен и не ја чекал сообраќајната полиција. Човекот веданаш превземал мерки за да си го врати возилото.

Седнал зад воланот ѝ покрај тоа што возилото веќе било кренато и поставено на камионот. Тој ги тргнал синџирите од гумите ѝ почнал да вози во рикверц.

Австрискиот претседател секој ден на работа патува со метро!

За разлика од повеќето свои колеги во светот, австрискиот претседател Александер ван дер Белен го користи градскиот превоз за да стигне на работа. Тој на својот Инстаграм профил објавил фотографија од утринското возење во метро.

 

Фотографијата за кратко време се рашири на социјалните мрежи. Луѓето ширум светот го пофалија Белен за ваквата своја постапка.

Најчитани

Твитови