Имате проблем со тироидната жлезда: Конзумирајте ги овие намирници!

Штитната жлезда која слабо работи можете да ја активирате со помош на правилна исхрана. Намирниците богати со јод, тирозин, цинк и селен ќе го подобрат работењето на тироидната жлезда која работи поспоро.

Риба

Рибите како лосос, сардина, пастрмка и туна се богати со омега-3 масни киселини и генерално се добри за здравјето, а исто така помагаат при хипотиреоза затоа што се одличен извор на селен.

Јаткасти плодови

Овие плодови исто така содржат голема количина на селен, особено лешниците, макадамијата, индиските и бразилскит ореви. Една рака јаткасти плодови дневно ќе ви послужи ккако брз оброк, а можете да додадете и некое друго јадење како салата или тестенини.

Морски алги

Стручњаците ја воочиле поврзаноста помеѓу недостатокот на витаминот Д и Хашимото болеста. Оваа намирница често се наоѓа во менито на вегетаријанците и веганите, а одлична е за штитната жлезда затоа што содржи голема концентрација на јод. Јодот е есенцијален за правилна функција на штитната жлезда и произведување на нејзиниот хормон. Морските алги се богати со влакна, калциум и витамините А, Б, Ц, Е и К.

Свежо овошје и зеленчук наместо термички обработено

Зголемувањето на телесната тежина е уште еден од симптомите на хипотиреоза. За да ја намалите телесната тежина, но во исто време и да го одржите здравјето на вашето тело и штитната жлезда, важно е во исхраната да воведете свежо овошје и зеленчук наместо термички обработеното.

Правила во исхраната на Ѓоковиќ: Прво чаша вода, па сè друго

Храната треба да се усогласи со потребите на телото, и на организмот да му се дава тоа што му треба и кога му треба.

Кога го сменил начинот на исхрана и намирниците што ги внесува во телото, Новак драстично напредувал во играта.

Во 2010 година Ѓоковиќ го сменил начинот на исхрана и тоа му донело неверојатен подем во светот на тенисот. Од 2011 година тој стана гладијатор на тениските терени, кој ги добива натпреварите и по шест часа игра.

Оттогаш Новак ги почитува овие свои 8 правила, кои ги опишува во неговата книгата „Сервирај за победа“.

1. Не јаде глутен и млечни производи

2. Шеќерот го сведува на минимум.

3. Неговата исхраната се базира на зеленчук, грав, риба, овошје, семки и здрави масла.

4. Со години не јаде црвено месо.

5. Најголемиот дел од неговото мени е од растително потекло.

6. Храната долго треба да се џвака за подобро да се свари.

7. Храната треба да се усогласи со потребите на телото, и на организмот да му се дава тоа што му треба и кога му треба.

8. Чаша со млака вода пие веднаш по станувањето.

Кралицата Летиција беспрекорна и во фустан кој може да си го дозволи секоја жена (ФОТО)

Кралицата Летиција (46) важи за една од жените со истенчен стил на облекување, па секое нејзино појавување привлекува големо внимание.

За разлика од многу славни дами кои не се оттргнуваат од брендираните парчиња облека, кралицата Летиција знае да облече и модели од комерцијални и поповолни брендови.

Така таа во кралската палата Зарзуела во Мадрид се појави во темносин фустан со бели коцкасти форми.

Моделот со кратки ракави и со копчиња на предната страна е украсен со џебови и има нееднаков раб, додека околу половината таа стави темносин ремен.

Со тоа комбинираше и високи потпетици од Каролина Херера од превртена кожа во истата боја.

Поради дојава за бомба 130 луѓе евакуирани од белградскиот аеродром

Од авион на Луфтханза на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград утрово поради дојава дека е поставена бомба се евакуирани 130 патници и пет члена на екипажот, објавија белградските медиуми.

Контрадиверзионата единица Министерството за внатрешни работи била испратена на аеродромот по дојавата. 

Авионот бил подготвуван за лет до Франкфурт.

„Сите надлежни служби, вклучувајќи ги аеродромските служби, реагираа веднаш, во согласност со процедурите за обезбедување највисоко ниво безбедност на патниците и авионот како главен приоритет“, велат на аеродромот.

Воздушниот сообраќај на аеродромот „Никола Тесла“ Белград цело време се одвива според предвидениот ред на летање.

Најчитани

Твитови