Книга на неделата: „Се уште мислам на тебе“ од авторката Адел Паркс!

Уште еден роман на популарната авторка Адел Паркс пристигна кај нас. „Сè уште мислам на тебе“ е роман полн со приказни за стари пријателства, нова љубов, страста која ја носи со себе и сомнеж дали искреноста е секогаш најдобра опција.

После „Странецот во мојот дом“, „Мажи“, „Чевлите на другата жена“ и „Game over“ македонската читателска публика ќе има можност да чита уште една книга од популарната британска писателка Адел Паркс.

Промоцијата на новата книга на Паркс, ќе се одржи во среда, 11.09.2018 година во книжарницата Култура.

Адел Паркс е совремeна англиска писателка, родена во 1969 година во Англија. Дипломирала на Универзитетот Лестер, каде што студирала англиски јазик и книжевност.

Aдел отсекогаш сакала да стане писателка. Од нејзините изданија, три милиони копии се продадени и преведени на 26 различни јазици. За седумнаесет години има објавено седумнаесет романи и нејзиното име се има најдено на сите листи за најпродавани книги.

Има напишано 15 современи романи и два историски, „Резервни невести“ и „Ако одиш“, чие дејствие се одвива за време и по Првата светска војна.

Жените во овие хороскопски знаци поместуваат планини поради љубов!

Некои жени во љубовта се водат според реченицата: "Подобро е да сакаш и да изгубиш, отколку никогаш да не сакаш", додека другите многу брзо забележуваат дека другата страна не се труди доволно и сами се откажуваат.

Овен 

Жените во овој хороскопски знак влегуваат во толку страствена врска што забораваат дека секоја врска има свои ризици и дека нема секогаш да биде како што треба. Тие едноставно им се препуштаат на пеперутките во стомакот.

Жените родени во овој знак премногу се трудат околу љубовните врски, а тоа понекогаш може да заврши еднострано, таа да се труди, а тој не.

Близнаци

Жените во овој хороскопски знак го обожуваат чувството на влегување во нова врска. Тоа ги возбудува, сакаат да почувствуваат нервоза и чувство на привлечност во исто време. Покрај страв, искрено говорат за своите чувства.

Вага

Вагите им се многу верни на своите партнери и избегнуваат расправии по секоја цена. Тие знаат дека толку многу ги сакаат партнерите што сѐ би направиле и дале за нив. На тој начин всушност го изразуваат своето воодушевување.

Стрелец

Овие жени често се сурови во своите врски, но се заљубуваат до уши и сакаат со цело свое срце. Во почетокот на врската доживуваат големи налети на страст. Тие се свесни дека можеби ќе бидат повредени и дека врската нема да трае долго, но сеедно страствено влегуваат во неа.

Риби

Тие се многу искрени и емотивни. Кога некој сакаат, нема да играат игри и нема да калкулираат дали ќе бидат повредени или не. Жените родени во овој знак имаат целосна доверба во партнерот и комплетно им се отвараат. Тоа е причната зошто често се повредени.

Лудост или храброст: Русин си го зема автомобилот од пајак служба! (ВИДЕО)

Руски ТВ канал пренесе видео од несекојдневната акција на еден Русин, кој по секоја цена сакал да си го врати автомобилот кој му го дигнал пајак службата.

Русинот сметал дека неговиот автомобил му бил незаконски одземен и не ја чекал сообраќајната полиција. Човекот веданаш превземал мерки за да си го врати возилото.

Седнал зад воланот ѝ покрај тоа што возилото веќе било кренато и поставено на камионот. Тој ги тргнал синџирите од гумите ѝ почнал да вози во рикверц.

Австрискиот претседател секој ден на работа патува со метро!

За разлика од повеќето свои колеги во светот, австрискиот претседател Александер ван дер Белен го користи градскиот превоз за да стигне на работа. Тој на својот Инстаграм профил објавил фотографија од утринското возење во метро.

 

Фотографијата за кратко време се рашири на социјалните мрежи. Луѓето ширум светот го пофалија Белен за ваквата своја постапка.

Најчитани

Твитови