Како да го контролирате бесот и лутината: Еве неколку решенија!

Лутината е дел од сечие секојдневие, а иако не е препорачливо, сепак некогаш може корисно да влијае на внатрешната состојба, колку и да звучи чудно.

Таа помага инстинктивно да идентификувате и да одговарате на опасни ситуации, а многу често и претставува мотив да се охрабрите да направите нешто што позитивно ќе ви влијае, но секако, зависно од ситуацијата.

Најчесто лутината и бесот се последица на стрес и проблеми во односите со колегите, роднините, пријателите, надворешниот свет, а некогаш и со самите себе.

Но, иако можеби мислите дека не постои решение, сепак можете да си помогнете и да го контролирате бесот.

Љубов и внимание

Некогаш ви е доволна и само пријателска прегратка која може да ви помогне да се ослободите од лутината и стресот, а ќе се чувствувате посреќно.

Гума за џвакање

Научно е докажано дека гумата за џвакање помага полесно да се справите со моменталниот стрес, бидејќи додека џвакате, мускулите на лицето и телото полека ослободуваат тензија.

Одете на прошетка или трчајте

Потребна ви е физичка активност независно во која форма. Трчајте, пешачете 20 минути или правете склекови – секоја активност ќе му помогне на мозокот да лачи ендорфин, хормон на среќа.

Пејте ја омилената песна

Иако звучи чудно, но пеењето е одличен начин да се ослободите од стрес и лутина, па омилената песна може многу да ви помогне во овие ситуации.

Јадете нешто крцкаво

Не се прејадувајте бидејќи потоа сигурно не сакате да си бидете лути сами на себе, но не се оставајте гладни.

Идеално е да јадете нешто крцкаво кога сте лути, бидејќи луѓето уживаат во тие звуци и ментално ги опуштаат.

Домашни обврски

Иако ретко кој би се нафатил на ова кога е нервозен, сепак средувањето низ домот ќе ве смири за кратко време.

Средете го плакарот, избањајте го миленикот, наводнете ги цвеќињата и за кратко време ќе почувствувате разлика, а плус ќе бидете корисни.

Лековити дејства на маслото од семки од тиква!

Во текот на годините се појавија многу здрави и популарни масла за јадење, што стана навистина збунувачки да се одбере вистинското.

Она што остана непроменето е хранливата вредност на маслиновото масло, а сега тоа добива нов „пријател“ што би требало да се најде на вашите полици во кујната.

Се работи за масло од семки од тиква, кое освен што е лековито и ароматично, е и суперхранливо бидејќи е полно со минерали, витамини, протеини и незаситени масни киселини.

Секако, најквалитетно е ладно цеденото и треба да се консумира како додаток во храна, без негова термичка обработка.

1. Ова масло е богато со олеинска киселина, која го намалува лошиот холестерол.

2. Богато е со витамините Д, Е и К, со магнезиум, железо, манган, бакар, цинк и селен.

3. Поради глутаминската киселина која ја содржи, може да се каже дека маслото од семки од тиква е и природен антидепресив.

4. Има диуретски ефект и ја подобрува работата на целиот уринарен систем.

5. Ја подобрува работата и на дигестивниот систем и ги прочистува цревата.

6. Ова масло има и козметичка примена. Можете да го користите за нега на коренот на косата. Масирајте ја кожата на главата со прсти потопени во масло од семки од тиква.

7. Поради својот вкус, додава нова димензија на аромите во салатите, сосовите, варениот или печен зеленчук, месото, но и во одредени видови колачи, како што се домашните ванилици.

Родителите vs. баби: Кој како го чува детето! Чиста вистина...

Баба ви има билка која е решение за секој здравствен проблем и главна грижа во животот и е да не сте гладни и да не ви студи.

Родителите знаат сè за нас, а бабите дури и малку повеќе. Ако ја прашате мајка ви кое ви е омилено јадење, ќе одговори како од пушка, но ако ја прашате баба ви, таа веќе ќе го има приготвено за вас.

И веруваме дека на ум ви доаѓаат уште илјада такви примери кога бабите се заложувале и повеќе од доволно за вас.

Како чуваат дете родителите vs. како чуваат дете бабите:

Од најдобри пријателки до непријатели: Еве зошто Кија Коцкар ја откачи Ана Кораќ!

Кристина Киа Коцкар и Ана Кораќ беа најдобри пријатели во првата сезона на реалното шоу „Задруга“, а тие продолжија со своето пријателство и по неговото завршување.

Сепак, се чини дека нешто крупно се променило, со оглед на тоа што на социјалните мрежи почнаа да циркулираат информации дека Киа ја „откачила“  Ана. Како главна причина, се наведува фактот дека Ана била во добри односи со Луна Ѓогани, откако обете влегоа во втората сезона на „Задруга 2“

Најчитани

Твитови