Инди јавно се откажа од Едита: „Она е лажна сестра, не ми треба нејзината поддршка“!

Пејачката Индира Арадиновиќ позната како Инди јавно се откажа од сестра си Едита Арадиновиќ, исто така пејачка.

Таа на својот Инстаграм профил објави информација која шокираше јавноста. Долго молчеше, а сега реши да ја образложи својата постапка.

„Почна да ми пречи зошто таа приватно не ми честиташе. Тоа ме повреди и навистина морав да реагирам. Единствена што ја имам на светот е таа, секако нашите мајка и татко… Можеби сега наиде некој таков период, но се ќе биде како што треба“, вели Инди.

Пејачката не ја исклучува можноста да се смири со сестра си во  наредниот период.

„Јас сум постара и секогаш ќе простувам и попуштам“, признава Инди за српски „Ексклузив“.

Позитива на денот: Куче стана хит на социјалните мрежи поради преслаткиот начин на кој го пречекува сопственикот!

Златен ретривер стана хит на социјалните мрежи, откако е снимен како се радува на доаѓањето на својот сопственик.

Иако видеото трае неколку секунди, тоа беше доволно да освои бројни срца на љубителите на животни на Интернет.

Ким Кардашјан на мета на критичарите поради изгледот на 5 годишната Норт: Нашминкана како триесетгодишна девојка!

Семејството Вест уживаше во концертот по мисата во неделата. Иако Канје направи добра атмосфера на сцената, ѕвезда на денот беше неговата петгодишна ќерка Норт Вест. Норт Вест носеше црн фустан со бретели кој од страна имаше моден додаток во форма на пердуви, а во комбинација со црни чизми Д-р Мартинс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Get it, Northie 🖤🙌🏽 Song: “Power” - Kanye West #SundayService

A post shared by Kardashian Jenner Kids FanPage (@dashkids) on

Многумина забележаа дека петгодишното девојче има професионална шминка, што го осудија преку социјалните мрежи бидејќи Ким Кардашјан неодамна изјави дека на галеницата ѝ дозволуваат шминка само кога игра додека е дома.

 

извор: Makfax

Најчитани

Твитови