Избегал крокодилот од живеалиштето во Скопската зоолошка!

Крокодил од Зоолошката градина во Скопје синоќа избегал од своето живеалиште, направил кратка прошетка и влегол во езерото со патките, потврдија од Зоолошката градина.

За среќа, не настанал поголем инцидент, при што бил повторно дислоциран во своето живеалиште. Според директорот на Зоолошката, Ѓорги Галетановски, настанот што се случил изутринава не бил единствен, тие и претходно имале дојави дека крокодилот излегува од своето живеалиште и дека треба да се смени ниската ограда.

„Крокодилите се млади и во добра кондиција, бидејќи сега влегуваат во пубертет. Тргнал ноќе да истражува. Констатиравме дека оградата треба да се смени, но решивме тоа да го направиме на пролет, бидејќи за кратко ќе заврши сезоната и ќе бидат на затворено. За среќа тој не изел ниту една патка, а зоолошката сè уште беше затворена“, вели Галетановски за БИРН.

Очевидци пак тврдат дека операцијата за враќање на крокодилот Гањо се одвивала додека Зоолошката била отворена и имало посетители.

Сите очи вперени во неа: 47-годишната „Росалинда“ мами воздишки, во зелена креација!

Талија Соди мами воздишки каде и да се појави. 47-годишната мексиканска актерка, позната по улогата на „Росалинда“, изгледаше фантастично на забава по повод Греми во Беверли Хилс, Калифорнија.

На свечноста, убавата телевизиска ѕвезда носеше зелена креација со пердуви од колекција од сопствената модна линија, за која соработува со Macy’s.

 

Знаци дека си имате работа со психопат!

Според податоците кои ги даваат психолозите, од 1 до 4% од вкупното население на Земјата се психопати. Психопатските тенденции кај некоја личност можат да бидат скриени и тешко може да се открие.

Психопатијата е синдром кој е демонстриран од бездушноста кон другите луѓе, неспособноста да се сочувствува, да се почувствува искрено каење за повредување на други луѓе, лажење, егзистенција и нереални емоционални реакции.

1. Тие немаат емоции

2. Тие спијат многу малку

3. Сакаат да прават другите да се чувствуваат виновно

4. Тие се харизматични и сакаат да се центар на внимание

5. Тие се нарцисоидни

6. Тие лажат постојано

7. Тие се неодговорни

 

Легендарни грешки на реклами, ќе ве насмеат до солзи!

Покрај оние навистина добри и успешни има и такви реклами кои ќе ви го привлечат вниманието но со грешките кои ги имаат, по што и ќе ги запаметите... Во продолжение погледнете - легендарни грешки на реклами,  кои ќе ве насмеат до солзи! 

 

 

 

Најчитани

Твитови