Доколку ги имате овие симптоми на главоболка веднаш посетете лекар!

Болките во главата понекогаш можат да бидат добри за вас, бидејќи токму тие зборуваат што тоа не е во ред со вашето здравје. Благодарение на нив ќе имате доволно време да изреагирате и да спречите опасни болести.

Главоболката е најчеста болка која се јавува во текот на просечниот човечки живот. Таа секогаш значи нешто и затоа не е доволно само да испиете таблета против болка, туку треба да посветите внимание на вашето целокупно здравје.Но, она што е важно е да знаете за каков вид на главоболка станува збор. Одредени главоболки можат да укажуваат дека нешто сериозно не е во ред со вашето здравје.

„Тапа“ главоболка

Ова е најчестиот тип на главоболка и главно не е ништо сериозно. Доколку не предизвикува силни болки, можете да испиете таблета и да продолжите со обврските.

Мигрена

Мигрените главно предизвикуваат умерена до тешка болка. Обично траат релативно долго, односно од четири часа до дури три дена. За среќа, повеќето луѓе не ги погодува често. Точната причина зошто се јавува мигрената не е прецизно утврдена, а се претпоставува дека е поврзана со генетиката.

Болка во очите

Станува збор за најтежок и најредок вид на главоболка. Болката е толку интензивна што луѓето обично не можат да ја издржат, а тегобите се јавуваат позади окото или очите.

Синусна главоболка

Синусната главоболка е резултат на воспалени синуси, најчесто кога сте болни или алергични. Болката се јавува во носот, на челото и образите.

Хормонска главоболка

Овие главоболки се чести и специфични за жените, бидејќи се јавуваат во периоди на хормонални промени како менструација, менопауза и бременост. Контрацептивните таблети, исто така можат да бидат причина за таквиот тип на главоболка.

Во следните случаи треба задолжително да побарате совет од лекар:

– кога болката ве буди од сон

– кога болката е изненадна и најсилна во почетокот

– кога главоболката предизвикува други проблеми како проблеми со видот

– кога болката ве боли поинаку отколку вообичаено.

Најдобриот наставник во светот: Секој месец платата им ја давал на сиромашните ученици!

Наставникот Питер Табиќи од Кенија, кој својот поголем дел од заработката ја дава на сиромашни ученици, е избран за најдобриот наставник во светот. Неговата награда вредна милион долари, му е доделена во Дубаи.

Питер предава математика и физика, а 80% од неговата плата, тој ја донира за да им помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во ова село, кое се соочува со проблемите од типот на суша и глад, речиси третина од децата се сирачиња или имаат по само еден родител.

Табиќи (36) е избран меѓу 10.000 кандидати, од 179 земји. Водител на церемонијата на која тој ја добил наградата ја водел актерот Хју Џејман, пишува „Асоишејтед прес“.

Наградата ја установила фондацијата „Варки“ во Дубаи.

Со маска од ПАВЛАКА до неверојатен ефект!

Павлаката е производ кој поседува уникатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Таа се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги.Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.

За приготвување на маската ви е потребно:

- една лажица павлака,

- една жолчка од јајце,

- една лажица алое.

Алое ќе најдете речиси во сите наши аптеки, во поголема опаковка, но ќе го употребите за приготвување на многу други маски.

Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот ( штом се исуши едниот слој, нанесете нов ). После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект, подмладува, ја освежува и храни кожата.

Најчитани

Твитови