Рецепт за убав ден: Позитива и доза астрологија

Овен 

Не треба лесно да се откажете од своите планови ниту да се откажете од нешто за што сте размислувале веќе подолго време само затоа што се плашите од неизвесност. Прашањето е дали сето тоа што го работите ќе ви се исплати, но сигурно е дека сте на прав пат себеси да си обезбедите дополнителен хонорар.

Бик

Денес расположението и емоциите на луѓето околу вас ќе имаат огромно влијание на тоа како се чувствувате и како се однесувате. Лесно ќе ве расплаче нечија тажна приказна или пак ќе ве „зарази“ нечија позитивна еуфорија. Па, внимателно избирајте со кого ќе го поминете денот.

Близнаци

Не се чудете ако денеска чувствувате потреба за свој простор. Колку и да уживате во друштво на други луѓе, потребно ви е време само за вас. Обидете се денеска да работите сами, а ако не сте во можност, тогаш секако после работа, тргнете се од сите и одете сами на прошетка

Рак

Наметнете се со своите идеи, но немојте да бидете нападни, само така ќе успеете. Ослободете се од напнатоста и нервозата, тоа може сериозно да влијае на вашето зравје. Вложете во образованието. Среќни сте и задоволни, полни со позитивна енергија.

Лав

Голема моќ се крие зад вашата самодоверба. Затоа искористете ги околностите и блеснете со вашиот ентузијазам. Можно е да реагирате премногу бурно на некој коментар од близок пријател, што не е вообичаена реакција од ваша страна. Обидете се да се контролирате и да не кревате голема врева за ништо.

Девица

Останете на својот став и не дозволувајте никој да ве оптеретува, особено кога станува збор за вашата кариера, а знаете и зошто. Имате јасна цел и нема да се откажете од своите планови дури и ако една Скорпија која за вас е авторитет, се обиде да ве наговори на нешто што таа го смета за правилно.

Вага

Денес ќе бидете максимално ефективни, па ова е совршен ден за средување на оние задачи и обврски кои бараат од вас целосна посветеност. Бидете строги ако некој се обидува да ви го одвлече вниманието.Одредена личност ќе се обиде да ви подметне повеќе обврски или да извлече корист од вас

Скорпија

Денес нема да бидете задоволни од ништо. Што и да правите, ќе сметате дека не е доволно добро или пак ќе ви доаѓаат мисли дека вие никогаш не го добивате она што го заслужувате. Не бидете незадоволни перфекционисти. Најголем дел од луѓето никогаш нема да го имаат она што го имате вие и никогаш нема да ги поседуваат вашите способности. Научете се да бидете задоволни од животот.

Стрелец

Ќе чувствувате страв од она што ве очекува. Во вашиот живот настапуваат промени и вас ве плаши крајниот резултат. Да чувствувате страв е сосема нормално, па не си дозволувајте тоа да ви создава негативни мисли. Барем денес оставете ги сериозните теми настрана и опуштете се. Штедете ги вашите пари, ќе дојде период кога ќе ви бидат повеќе од потребни.

Јарец

Ќе гледате оптимистички на иднината, дури и ако не можете да се справите со сегашните проблеми. Вашата зголемена самодоверба ќе биде поддржана од соработниците и пријателите. При крајот на денот очекувајте забавен разговор кој ќе го подобри вашето расположение.

Водолија

Повеќето припадници на овој знак ги придвижува желбата за докажување и успех. И самите чувствувате дека се менуваат односите во деловното опкружување, а вие сте тука некаде дали со знаење, или со издржливост.

Риби

Во вас ќе се разбуди натпреварувачкиот дух. Немојте да ги туркате другите за да излезете први. Бидете фер. Но, немојте ни да се прикривате, па некој друг да блесне пред вас. Ќе зрачите со смиреност и ќе ширите спокојство меѓу околните.

Видео туторијал: Направете си совршена пунџа за само една минута!

Casual пунџа е ин веќе неколку години и сеуште котира високо во светот на фризурите. Оваа опуштена фризура е одлична за дневна, но и вечерна варијанта. Во продолжение погледнете како сами да ја направите за само една минута...

На свадбата се појави поранешната девојка на младоженецот и направи невидена драма!

Поранешната девојка на младоженецот упаднала на самиот чин на венчавката облечена во венчаница.

Снимката на која поранешната во венчаница упаѓа на најубавиот дел од церемонијата, со шминка и фризура станала вирална.

Daily Mail пишува дека поранешната девојка, која младоженецот го влечела за рака во еден момент паднала на колена, викала дека таа не е виновна за раскинувањето и дека тој мора да и се врати.

Погледнете:

Ова е актерката која ќе ја глуми принцезата Дијана во најскапата серија на „Нетфликс“

Актерката Ема Корин ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во хит - серијата „Круната“, објави „Нетфликс“.

Корин рече дека е исклучително возбудена и почестена што ќе му се приклучи на актерскиот тим за четвртата сезона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

different hairs of the last 6 months, a wee compilation

A post shared by Emma Corrin (@emmalouisecorrin) on

„Серијата ја следам од првата епизода, а помислата дека ќе се приклучам на неверојатно талентирана актерска екипа е речиси надреална“, рече таа.

„Принцезата Дијана беше икона и нејзиното влијание врз светот сè уште е длабоко и поттикнувачко“, рече Корин.

Корин е брилијантен талент и веднаш нè освои кога му се приклучи на тимот како Дијана Спенсер“, рече авторот на серијата, Питер Морган.

Најчитани

Твитови