Знаци дека претерувате со кафе!

Ако се прашувате дали пиете премногу шолји кафе на ден, на добар пат сте да добиете позитивен одговор. Кафето нуди многу придобивки, но како и се друго, доколку се консумира во големи количини има негативни последици, за жал по нашето здравје.

Многумина не можат ни да го замислат животот без кафе, особено наутро. Сепак, прекумерното пиење кафе, посебно ако често пиете и газирани или енергетски пијалаци кои содржат кофеин, може да предизвика предозирање и зависнот.

Срцето ви е во петта брзина

Ако ви лупа срцето и прескокнува откако сте се напиле кафе, постои голема веројатност за тоа да е крив токму кофеинот. Некои луѓе се чувствителни и на помала количина кофеин.

Се чувствувате немирно и анксиозно

Можеби тоа го предизвикало утринското кафе. Некои луѓе се многу чувствителни на кофеин и почнуваат да чувствуваат немир, раздразнетост и анксиозност и по една шолја кафе со кофеин. На некои им смета дури и бескофеинското кафе.

Не можете да заспиете

Ова е причина зошто луѓето пијат кафе додека се уморни. Кофеинот го подига нивото на адреналин, па можете да се чувствувате поенергични и да не ви се спие. Тоа особено може да помогне во понеделник наутро кога ви треба екстра енергија.

Чувствувате глад

Некои луѓе се трудат со помош на кофеинот да го намалат апетитот, но пиењето кафе всушност може да има спротвен ефект. Кофеинот ја зголемува работата на хормонот кој пак, го зголемува чувството на глад.

Мислите дека не можете без кафе

Доколку помислата да се откажете од своето утринско кафе кај вас предизвикува благ напад на паника, тоа не е знак дека сте зависни? Сепак, не се трудете да пресечете нагло, обидете се да го намалувате внесувањето на кафе постепено, малку по малку, инаку може да ве изненади силен умор и главоболка.

Видео туторијал: Направете си совршена пунџа за само една минута!

Casual пунџа е ин веќе неколку години и сеуште котира високо во светот на фризурите. Оваа опуштена фризура е одлична за дневна, но и вечерна варијанта. Во продолжение погледнете како сами да ја направите за само една минута...

На свадбата се појави поранешната девојка на младоженецот и направи невидена драма!

Поранешната девојка на младоженецот упаднала на самиот чин на венчавката облечена во венчаница.

Снимката на која поранешната во венчаница упаѓа на најубавиот дел од церемонијата, со шминка и фризура станала вирална.

Daily Mail пишува дека поранешната девојка, која младоженецот го влечела за рака во еден момент паднала на колена, викала дека таа не е виновна за раскинувањето и дека тој мора да и се врати.

Погледнете:

Ова е актерката која ќе ја глуми принцезата Дијана во најскапата серија на „Нетфликс“

Актерката Ема Корин ќе ја толкува улогата на принцезата Дијана во хит - серијата „Круната“, објави „Нетфликс“.

Корин рече дека е исклучително возбудена и почестена што ќе му се приклучи на актерскиот тим за четвртата сезона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

different hairs of the last 6 months, a wee compilation

A post shared by Emma Corrin (@emmalouisecorrin) on

„Серијата ја следам од првата епизода, а помислата дека ќе се приклучам на неверојатно талентирана актерска екипа е речиси надреална“, рече таа.

„Принцезата Дијана беше икона и нејзиното влијание врз светот сè уште е длабоко и поттикнувачко“, рече Корин.

Корин е брилијантен талент и веднаш нè освои кога му се приклучи на тимот како Дијана Спенсер“, рече авторот на серијата, Питер Морган.

Најчитани

Твитови