Писмо до сите татковци кои имаат ќерки: „Најголемиот подарок што татко може да ѝ го даде на ќерката е да ја сака нејзината мајка!“

„Најдоброто, а веројатно и најтешкото нешто кое може да го направиш за својата ќерка, е ти да ѝ бидеш пример како мажот треба да се однесува кон жената.“

Никол Мерит, мајка на три деца испрати јавно писмо до сите татковци кои имаат ќерки. Oбјавата ја сподели популарната страница „Love What Matters“, по што набрзо се прошири и на социјалните мрежи.

Ова се нејзините зборови наменети за мажите со ќерки:

„Сигурно те полудува дури и самата помисла твоето мало девојче да има „момче“. Ме полудува и мене, иако сум ѝ само мајка.

Таа принцезичка со ангелски лик од три килограми, која пред седум години ја доведе дома, веројатно ќе има симпатија наредниве години. А, неколку години подоцна, ќе го фати и првиот дечко.

Застрашувачки е, зар не? Сепак, добрата вест е дека ти можеш да ѝ покажеш што сѐ заслужува од еден маж.

Врските и браковите се тешки. Ќе дојде денот кога и таа ќе ја научи оваа вистина. Предизвик се за сите, вклучувајќи ги и добродушните и добронамерните луѓе.

Најдоброто, а веројатно и најтешкото нешто кое може да го направиш за својата ќерка, е ти да ѝ бидеш пример како мажот треба да се однесува кон жената.

Сакај си ја жена ти како што посакуваш да биде сакана ќерка ти.

Твојата малечка лесно потпаѓа под влијание. Ќе научи како изгледа и звучи љубовта, за жал, од филмовите, телевизиските серии, списанијата, социјалните мрежи и пријателите. Или, барем таа ќе си мисли дека знае. 

Меѓутоа, она што ќе го „насобере“ надвор од домот, нема да биде ни приближно на вистинската и реалната љубов. Ти, и само ти, можеш да се избориш да не биде така.

Покажи ѝ ја најголемата љубов, однесувајќи се добро кон нејзината мајка. Сѐ започнува дома – од тебе и сопругата.

Денес и сите други денови, почитувај ја жена ти. Држи ја за рака кога и да имаш прилика. Бакнувај ја што повеќе. Смешкај ѝ се.

Гледај ја во очи. Кога таа зборува, ти слушај внимателно. Отворај ѝ ги вратите. Кревај ѝ ја самодобербата. Пофали ги нејзините постигнувања.

Охрабрувај ја кога тоа ѝ е потребно. Сочувствувај со неа кога ти бара поддршка. Оди на авантури со неа. Кажи ѝ дека е убава, како одвнатре, така и однадвор. Повторувај ѝ го ова често.

Ќерка ти ја обожава мајка си. Таа е маѓепсана од неа. Односот меѓу мајките и ќерките е испреплетен до толкава мера, што се чини како да водат паралелен живот.

Штом станеш свесен за нивната поврзаност, ќе разбереш и дека твојата врска со сопругата, не ве засега исклучиво тебе и неа.

Најголемиот подарок што таткото може да ѝ го даде на ќерката – покрај своето време и внимание – е да ја сака нејзината мајка.“

По колку часа дневно спијат најуспешните луѓе?

Иако денот не може да има повеќе часови од оние што ги има, може да се промени начинот на искористување на тие часа.

Некои од најуспешните луѓе во светот не само што работат надвор од работното време, туку времето предвидено за спиење го користат за завршување на своите дневни обврски.

Директорите како што се Indre Nooyi која работи во Пепси и Jack Dorsey кој работи во Twitter, сонот често го жртвуваат за да ја сработат работата.

Така на пример основачот на Twitter и CEO ма компанијата Square, Jack Dorsey во 2011 поминал 8-10 часа работејќи на Square, 8-10 часа на Twitter, па за сон им останале од 4 до 6 часа. 

Sergio Marchionne, CEO Fiat, спие само 4 часа, а вели дека буден го одржува кофеинот и цигарите.

Marrisa Mayer, Yahoo CEO, работела 130 часа неделно, што не ѝ оставало многу време за спиење. Вели дека и биле доволни само 6 часа дневно за јадење и сон. 

Helena Morrissey, CEO Newton Investmen Managment, тврди дека станува во 5 наутро, а некогаш и порано и почнува да праќа мејлови, додека нејзините деца спијат. Со семејството се дружи во 19:30, а после тоа повторно се фаќа за работа. 

Tom Ford, моден дизајнер вели дека неговиот успех не лежи во талентот туку во работната енергија. Тврди дека спие само 3 часа дневно! 

Tim Amstrong, AOL CEO, се буди во 5 наутро и работи до 7 навечер.

Што значи кога бебето силно клоца во стомакот?

Речиси секоја трудница чие бебе е многу активно во стомакот се запрашала дали ќе биде бебето толку живо и после породувањето.

Што значат тие силни удари, движења и превртувања?

Сите ние би сакале што побргу да дознаеме каков карактер ќе има бебето уште пред да се роди, па ги бараме знаците во секое мало движење кое тоа ќе го направи во матката. Може ли според движењата на бебето во стомакот навистина да се предвиди неговиот карактер?

Стручњаците велат дека не постои никаква врска помеѓу тоа колку е активно бебето во текот на бременоста и нејзиниот карактер после породувањето. Исто така, тие нагласуваат дека недостатокот на активност на бебето во стомакот не мора секогаш да биде причина за грижа.

Немал друг избор: Мајка му го фатила додека гледал порно, а тој...

Слушнал како доаѓа мајка му додека гледал порно на „pornhub“ на својот лап топ, и токму кога сакал да ја исклучи содржината за возрасно започнале проблемите.

Мајкл Дензел објави фотографија на Твитер од неговиот искршен лап топ. Сепак, најинтересна е причината поради која го направил тоа.

Како што напишал во твит под фотографијата, гледал порно на Интернет, кога слушнал дека неговата мајка се качува по скалите и оди кон неговата соба. Проблемот настанал кога страницата му се „замрзнала“ и не можел да ја исклучи.

Според неговите зборови, немал друг избор освен да го скрши екранот.

На прашањето зошто едноставно не го затворил лап топот, Дензел одговорил дека во тој момент тоа не му паднало на памет.

Најчитани

Твитови