Диета со сурова храна!

ШТО ПРЕТСТАВУВА ДИЕТАТА СО СУРОВА ХРАНА?

Диетата со сурова храна се базира на консумирањето на непреработена и неготвена храна како: свежи зеленчуци и овошје, семиња, зрнести храни, плодови со јатка, сушени плодови и алги.

Некои од приврзаниците на диетата со сурова храна се и вегани, т.е. воопшто не внесуваат храна од животинско потекло, но има и такви кои консумираат сурово месо и други продукти од животинско потекло. Најчесто, најмалку 75% од храната која се внесува треба да биде сурова.

Скоро сите диети треба да се држат одреден период за да бидат ефективни. Тоа не е така со оваа диета. Нема препорачан период, затоа што диетата со сурова храна треба да се смета како начин на живот и да се практикува постојано.

ЗОШТО ДИЕТА СО СУРОВА ХРАНА?

Приврзаниците на оваа диета се стремат да јадат сурова храна, затоа што сметаат дека кога храната е готвена на температура повисока од 46°C таа ги губи ензимите, кои ѝ помагаат подобро да се вари и апсорбира од организмот.

Храната со готвењето ги губи и повеќето хранливи материи и витамините. Затоа се смета дека суровата храна е поздрава.

ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ

И диетата со сурова храна, како и другите диети има свои позитивни и негативни страни.

Предности:

Многу подобар изглед на кожата;

Повеќе енергија;

Губење на телесна тежина;

Одржување на телесна тежина;

Намалување на нивото на лош холестерол, т.е. значително се намалува ризикот од срцеви и други кардиоваскуларни болести.

Недостатоци:

Потребна е добра организација;

Потребно е да бидете многу мотивирани;

Тешка е за држење, особено кога јадете во ресторан;

Потребна е подготовка;

Проблеми со варењето на храната.

РЕЦЕПТИ

Еве неколку рецепти кои ќе ви помогнат да вкусите како е да сте приврзаник на диетата со сурова храна.

Сурово чили

Состојки:

2 чаши вода

4 чаши домати

1 супена лажица зачин чили

½ супена лажица кумин

морска сол по вкус

2 чаши исечкани зелени и црвени пиперчиња

½ чаша исечкан кромид

½ чаша исечкан целер

Подготовка: Ставете ги доматите и зачините во блендер додека не се добие пире. Потоа додајте ги останатите состојки и мешајте додека не се соединат. Сервирајте го на собна температура или ладно.

Салата со манго и авокадо

Состојки:

2 манго плодови, излупени и исечкани

1 големо авокадо, излупено и исечкано

1 супена лажица сок од зелен лимон

1 супена лажица маслиново масло

1 супена лажица семе од сусам

Подготовка: Во длабок сад смешајте ги сите состојки. Сервирајте веднаш по приготвувањето.

Папагалот со злобната насмевка (урнебесно видео)

Најверојатно на папагалов омилени му се негативците во филмовите, па решил и он да ги имитира. Колку само заразно се смее.

Бедра, стомак или задница: 5 закони за слабеење на секој дел од телото

Дали некогаш сте се запрашале зошто масното ткиво секогаш најмногу ви се таложи на одреден дел од телото? Науката вели дека дистрибуцијата на маснотиите е поврзана со одредени здравствени навики.

А ако знаете зошто најмногу се дебелеете во пределот на стомакот или бедрата, тогаш и најлесно ќе изберете режим на исхрана или телесни вежби кои ќе ви помогнат да ослабете.

Еве како да постапите со петте најкритични делови на телото.

1. Горен дел од телото

Масното ткиво најмногу се таложи на стомакот, грбот, рамениците, пределот на градите, и на рацете до лактите. Причина за вакво нешто е лошиот режим на исхрана и недостатокот на физичка активност. Воведете промени во исхраната кои вклучуваат внесување на 500 до 1000 калории помалку дневно, пет пати неделно вежбајте 30 до 60 минути, а најдобро е да се одлучите за кардио вежби (возење велосипед, брзо одење). Вежбите правете ги со темпо кое што не ви е напорно дури и ако разговарате со друга личност.

Вклучете и вежби за горниот дел од телото, како на пример склекови, вежби за стомачни мускули, екстензии и слично.

2. Подрачјето на стомакот од папокот до лумбалниот дел на грбот

Ако се дебелеете најмногу во пределот на стомакот, тоа може да биде знак за прекумерна работа на хормонот за стрес, кортизолот. Потрудете се да се храните поздраво, да консумирате храна богата со влакна, витамини и минерали, и да практикувате вежби кои вклучуваат и техники за полесно поднесување на стресот, како на пример јога или пилатес.

Ако вашиот стомак пак е постојано надуен, тоа може да биде последица од потешкотии при дишењето или прекумерна конзумација на алкохол. Намалете го вносот на алкохол или посетете го вашиот доктор ако имате проблеми со дишењето.

3. Подрачјето на стомакот од градите, како и целиот грб

Ова е знак дека не сте премногу физички активни, но и се храните лошо, односно прескокнувате оброци и потоа се прејадувате. Обидете се да внесувате пет умерени оброци дневно, да јадете помали порции и што повеќе здрава, нискокалорична храна. Освен тоа бидете и физички активни, движете се повеќе, пливајте и практикувајте вежби за грбот и стомакот.

4. Подрачјето на стомакот, бедрата и задникот

Ако ви се натрупува масно ткиво најмногу на оваа, за многу жени "критична зона", тоа е јасен знак дека не сте доволно физички активни. Фокусирајте се на вежби за издржливост на долниот дел од телото, а одличен избор би биле кружните тренинзи и велосипедизмот.

5. Подрачјето на стoмакот, задикот и целите нозе

Масното ткиво кое што го зафаќа долниот дел од телото, вклучувајќи ги и ножните листови, вообичаено е последица од бременост. При ваков проблем важи истиот совет како и под број 4, односно за подрачјето на стомакот, бедрата и задникот.

Конечно откриено: Kолку често паровите водат љубов?

Колку пати сте се запрашале колку често другите парови водат љубов и колку пати неделно е нормално да имате секс, а тоа да не претставува обична рутина? Американски доктор за сексуално здравје ви открива колку често паровите водат љубов.

Според најновите истражувања, паровите кои се во брак или долгогодишна врска имаат односи во просек два до три пати неделно.

Уште еден интересен податок е тоа дека просечниот маж доживува оргазам за две минути од почетокот на сексуалниот однос што најчесто е премногу брзо за неговата партнерка. За една жена се потребни пет до седум минути за таа да постигне оргазам.

Помладите парови дури сметаат дека е нормално да се води љубов и неколку пати на ден, додека паровите со возраст над 20 години имаат односи еднаш во три дена. Со годините сексуалната активност опаѓа, па паровите помеѓу 30 и 50 години водат љубов еднаш неделно, додека после педесетата година и помалку од еднаш неделно.

Сексот дефинитивно е најзастапен кога врската е на самиот почеток, па тогаш паровите се сексуално активни дури секој ден.

Сепак, не треба да се генерализираат ваквите работи, бидејќи секој пар за себе има различни афинитети и потреби. Па така, ако некому е повеќе до секс, други повеќе уживаат во некои други нешта. Нормален е единствено оној број кој вам најмногу ви одговара.

Колку често вие водите љубов?

Најчитани

Твитови