Како да предвидите врска што ќе трае?

Секоја романса предизвикува слатки емоции. Барем на почетокот. Новата љубов секогаш ве исполнува со чувство на бескрајни можности. Се движите со главата во облаци и со смешен израз на вашето лице. Можеби дури почнавте да размислувате и за имиња за вашите деца. Воопшто не можете ни да помислите дека можеби некогаш ќе ѝ дојде крај на врската.

Но како и кога може да се каже дали врската ќе трае? Дали има начин да предвидите дали ова е вистинскиот партнер?

Се разбира, ништо во животот не е сигурно. Секоја врска е динамично битие кое расте и се менува заедно со парот. Но постојат знаци, коишто дури и на првиот состанок можат да ви покажат како ќе се одвиваат нештата.

Ако обрнете внимание и ја слушате вашата интуиција, ќе можете доста точно да ја предвидите иднината на вашата љубов. Кога ќе сретнете некој нов и значаен, забележете ги вашите чувства, интеракции и реакции. Тие можат да бидат мапата до вистинската љубов.

Знаци дека станува збор за привремена врска:

1. Партнерот редовно ве навредува.

2. За време на здодевната тишина сте забележале дека го гледате часовникот, вратата или размислувате што треба да правите утре.

3. Кога мечтаете за вашиот партнер, се фокусирате на физичките аспекти наместо на карактерот и на важните особини.

4. Или партнерот навистина сака да зборува за себе, или е заинтересиран за вас, но кажува премалку за себе.

5. Кога помислувате на партнерот, на ум ви доаѓаат само зборови како секси, амбициозен или комплициран.

Знаци дека станува збор за нешто што ќе трае:

1. Вашиот партнер е заинтересиран за вас, но споделува и нешта за него.

2. Сте се запознале преку заеднички пријател или вашата врска започнала по долго пријателство.

3. По првиот состанок сте биле навистина радосни кога се добиле порака за уште еден состанок.

4. Тишината помеѓу вас е удобна, а не непријатна.

5. Кога помислувате на партнерот на ум ви доаѓаат зборови како нежен, смешен или најдобар пријател.

Знаци дека ви е судено да бидете заедно:

1. Се чувствувате како долго да се знаете, можеби од некој друг живот.

2. Партнерот ве разбира интуитивно. Нема потреба да ги објаснувате вашите чувства или потреби.

3. Партнерот е овде за вашите успеси, но и за несреќите и за неуспесите.

4. Партнерот ги поддржува вашите долгорочни цели и се надева за иднината.

5. Партерот ве предизвикува да станете подобра, пореална верзија од себе.

Погледнете ги и фазите низ кои мора да помине секоја успешна врска.

Патите од хронични главоболки: Пробајте ги овие техники и ослободете се од болката за миг!

При главоболки создадени од стрес, болката се појавува поради грчeви на мускулите на вратот и рамењата, поради што се намалкува циркулацијата. Причина за тоа можат да бидат и проблеми со ‘рбетот, предолго седење или стоење во иста положба, долг престој во затворен простор, пушење, алкохол.

Масажа на третото око

Оваа техника помага при главоболка од замор. Опуштете се и длабоко дишете, па со вашиот прст допрете ја точката помеѓу двете очи. Оваа масажа на „третото око“ ќе помогне вашата главоболка полека но сигурно да исчезне.

Исхрана

Постојат главоболки кои можат да се појават и навечер, а можат да бидат проследени со симптом на течење на носот. Меѓутоа лекот за ваков тип на главоболка може да се крие токму во исхраната, па затоа во тие моменти најдобро е да консумирате повеќе вода, јаболка, и бадеми.

Визуелизација

Удобно седнете и затворете ги очите, па визуелизирајте ја главоболката - од каков тип и облик е таа. Потоа нагло визуелизирајте ги промените, во зависност од болката која ја чувствувате. Неколку пати длабоко вдишете и кога издишувате секогаш си замислувајте дека преку вашата уста ја испуштате болката.

Подолга и погуста за само 15 дена: Златни совети!

Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?

Сакате долга коса но не помислувате на кратење на истата. Важно е да ја кратите косата редовно ако сакате побрзо да ви порасне. Скратувањето не само што ќе ве ослободи од оштетените и распукани врвови, туку ќе ви помогне и да го одржите здравјето на косата.

Не заборавајте го регенераторот

Постои мит за тоа колку долго треба да го оставите регенераторот да делува, и тој мит е лажен. Спротивно на популарното верување, тој веднаш делува на косата. Покрај тоа ја штити косата од пешкирот додека е влажна. Немојте да мислите дека регенераторот е наменет само за некои видови коса. Потребно е да го користат сите.

Магични состојки

Пиво. Обидете се да го зовриете. Откако ќе зоврие додајте го вашиот шампон во него и измијте ја косата. Можете да го правите ова 2-3 пати неделно. Шампонот со пиво ќе ги отстрани сите нечистотии од косата и е одличен регенератор.

Неделна грижа со масла и маски

Маската или маслото за коса треба да ги користите еднаш неделно. Маслото нанесете го на сува коса и потоа лесно ќе можете да го отстраните со шампон. Можете да користите состојки како мед, лимон, авокадо, маслиново масло и сок од кромид за да направите маска за коса.

Правилно сушење на косата

Жените често ја врзуваат косата во пешкир после миење, но ова ја оштетува. Ако се обидувате да ја пораснете косата, држете се настрана од апаратите за обликување со топлина како фен и пегла. Секој вид топлина ја оштетува косата. Најдобро е да користите фен кога косата е барем 60% сува. Исто така нанесете спреј за заштита од топлина.

Дозволете ѝ на косата да дише

Ако сакате да порасне, немојте да ја врзувате косата. Влечењето предизвикано од врзувањето може да ја оштети. Косата е склона и кон инфекции кои го намалуваат нејзиниот раст. Па, потребно е одвреме-навреме да правите третмани против нив. Друго важно нешто е покривањето на косата. Топлината од сонцето може да ја оштети и вашата коса, не само кожата.

Поретко миење

Вистина е дека чистата коса расте побрзо, но честото миење нема да ви биде од многу помош. Секојдневното миење може да ја исуши косата и да ги отстрани природните масла. Исто така нежно масирајте ја главата додека ја миете или чешлате вашата коса.

Ги голтате лековите без вода? Последиците по здравјето може да бидат страшни!

Секој лек, било да е во форма на таблетка или капсула, треба да се зема со одредена количина течност. Но и покрај тоа, некои луѓе ги голтаат лековите „на суво“, без да знаат дека тоа може да наштети на нивниот организам.

Голтањето на таблетките може да предизвика низа несакани ефекти и наместо да ви помогнат, дополнително да го загрозат вашето здравје.

Најпрво, можете да го повредите хранопроводот, од ситни гребнатинки до сериозни оштетувања. Некогаш може да почувствувате нагони на повраќање или иритација на хранопроводот, а можно е и капсулата или апчето да се заглават и да предизвикаат непријатна болка додека да се стопат.

Некои лекови може да предизвикаат и иритација и оштетувања на слузокожата во желудникот. Затоа, секогаш читајте го упатството за начин на употреба на лекот и држете се до него.

Најчитани

Твитови