Погледнете како се прават најголемите магионичарски трикови! (ВИДЕО)

Колку пати до сега сте биле цел на оптичка илузија? За момент си помислувате дека е вистина, но за жал сепак се работи за трик. Магионичарот со тимот толку многу умешно и брзо го преви тоа што немате можност и време да ја сфатите поентата на трикот. Ова видео со десетици милиони прегледи е одговор на прашањето, како се прават најголемите магионичарски трикови?

Потрошила 120 илјади евра за над 20 пластични операции бидејќи сака да изгледа како секс кукла!

Ивана е позната мејк ап артистка од Берлин. Таа често се појавува во медиумите и е многу активна на социјалните мрежи, а досега имала над 20 пластични операции.

Три пати досега ги зголемувала градите, пет пати правела операција на носот, направила операција на очите и ги намалила ушните школки. За британскиот "Mirror", таа изјавила дека потрошила околу 119 илјади евра, но не планира тука да запре. 

Се' започнало кога Ивана за себе помислила дека е грда. Вели дека мажите ја игнорирале и ѝ велеле дека е симпатична, но не и убава. Поради тоа, решила да го промени својот изглед и да стане жива секс кукла. Сега вели дека е задоволна и дека се гордее со тоа како изгледа.

На Инстаграм е вистинска ѕвезда, а вели дека планира уште најмалку четири операции.

"Воопшто не сакам да изгледам нормално. Ме интересира изгледот на кукла и сакам да го постигнам по секоја цена. Велат дека изгледам како секс кукла, на тоа одговарам дека сакам да изгледам така. За мене тоа е комплимент", изјавила Ивана.

Таа, инаку по сите тие операции се насочила на друга професија, а сега работи како трансексуална домина.

Како правилно да ја исперете јакната со пердуви во машината без да ја уништите!

Многумина од вас го имаат ова парче зимска облека. Јакната со пердуви е најудобната и најтоплата облека за зимските денови. Како и секој друг вид на облека, со текот на времето се валка.

Но, не грижете се. Постојат правила и препораки од искусните домаќинки: како да се пере јакната со пердуви во машината за перење и да се исуши, за да изгледа како нова. Ви даваме повеќе вредни совети.

Како да ја исперете јакната со пердуви во машината за перење:

Јакната со пердуви треба да се пере на температура од 30 степени на програмата “рачно перење” или “перење на чувствителна облека”

– Најдобро би било ако го вклучите режимот на додатно плакнење

– Пред перењето на јакната со пердуви, не заборавајте да ги закопчате копчињата и сите патенти

– Ставете неколку тениски топчиња во машината за перење. Благодарение на нив, пердувите нема да бидат потиснати во јакната за време на перењето.

– Јакната со пердуви треба да се исцади со минимална брзина на центрифугата.

– Работите кои се исполнети со пердуви треба да се перат исклучително со течен детергент, правот ги лепи пердувите.

– Јакната треба да се суши покрај парното, закачена на задниот дел од столчето или на терасата ако сончево времето.

– Повремено протресете ја за време на сушењето за да се вратат пердувите на своето место.

Дознајте што се случува со женското тело кога жената е несреќна!

Доколку обрнете внимание на физичките, менталните или емотивните знаци кои ви ги испраќа вашето тело, ќе може да живеете поубав живот.

Еве како женското тело покажува дека страдате поради некое момче или дека сте во врска со некој погрешен.

Недостаток на самодоверба

Вие треба постојано да се чувствувате како рок ѕвезда, а мажот треба само да го надополнува вашиот живот, не да го расипува. Џентлменот секогаш ќе се труди неговата дама да биде доволно сакана и почитувана, поради што нејзината самодоверба само ќе се зголемува. Ако сте полни со сомнежи и несигурности, веројатно не сте со правиот партнер и заслужувате подобро.

Емотивно сте исцрпени

Ниедна вркса не е апсолутно совршена, но кога сте заљубени, треба да се чувствувате ревитализирано. Ако се чувствате емотивно истрошени или дури физички уморно во врската, време е да ја прекинете и да продолжите понатаму.

Ги негирате чувствата кои ги имате

Жените се исклучително интуитивни суштества и многу се интелигентни. Во длабочината на душата, знаат дали врската ги исполнува или не. Понекогаш кога навистина сакаме нашата врска да функционира, може да пробаме да се излажеме себе, наоѓаме изговори за однесувањето на партнерот или се убедуваме да останеме кога треба да се завртиме и да си заминеме.

Не се ставате себеси на прво место

Врските понекогаш успеваат кога личноста со која сте во врска, ја ставате на прво место и кога таа истото ќе го направи. Тоа е несебична и безусловна љубов. Доколку вашите потреби не се исполнети и вие страдате, имате голем проблем.

 

Најчитани

Твитови