Направете вкусна домашна пита со ајвар и шампињони! (Рецепт)

Откако го направивте ајварот, време е да најдете рецепти во кои ќе го искористите, наместо само да го мачкате на лепче.

Вкусот на пиперки одлично се вклопува со шампињоните, па затоа ви предлагаме да направите пита со оваа комбинација.

Солено есенско уживање!

Потребни состојки:

500g кори за пита

100ml вода

100ml масло

½ голема тегла ајвар

Околу 500g шампињони

1 прачка праз

Сол и зачини по вкус

Подготовка:

Исечкајте го празот, па со малку вода и масло оставете го да се издинста. Кога ќе омекне, додадете ги сечканите шампињони. Варете додека водата не испари.

Ставете една кора во тава, пропрскајте со масло, ставете уште една врз неа, па потоа филот од шампињони и праз. Покријте со две кори. Премачкајте со ајвар.

Редете додека има кори, може да ставате по една или по повеќе измеѓу филовите, а врз последните не мачкајте ништо.

Корите може да ги печете како пита или да направите ролат од нив.

Печете на 220 степени, додека горниот слој не добие кора. Вишокот вода ќе испари при печењето.

Во сообраќајна несреќа загина поранешна 24 годишна учесничка oд шоуто „Фарма!“

Утрово околу пет часот на местото Тополје кај Иваниќ Град во сообраќајна несреќа загина  поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“.

Станува збор за 24 годишната Едита Птичар која учествуваше на „Фарма“, а информацијата ја потврди и телевизијата каде се емитуваше шоуто.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edita Ptičar (@pticarica_e) on

Во сообраќајната несреќа автомобилот излетал од патот околу пет часот наутро.

Автомобилот наводно го возела Едита, која загинала на лице место, а заедно со неа било и 26 годишно момче, сопственик на автомобилот. Тој завршил во болница со тешки повреди.

24 годишната Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.

На нејзиниот профил на Инстгарам стојат и објави од пред 21 час кога ги објавила чизмичките кои мајката и ги подарила за празниците.

Нова љубовната романса: Милена Чераниќ во врска со овој познат рапер!

Последните неколку месеци Милена Чераниќ го крие својот приватен живот, а сега одлучи да открие дека се во врска со познат рапер.

Љубовниот живот на Милена Чераниќ често беше тема во медиумите, посебно кога беше во врска со нејзиниот колега Немања Стевановиќ, а потоа започна романса со оженетиот кошаркар Владимир Дашиќ.

По бурата околу Владимир, Милена  одредено време не се појавуваше во јавност и не зборуваше за својот приватен живот.

Меѓутоа, сега ја обелодени романсата со својот нов партнер, односно Вук Моб, а на „Инстаграм“ се појави видео на кое парот се бакнува и разменува нежности.

Тест: Колку брзо Ви работи кликерот!?

Една жаба е заглавена на дното од бунар длабок 30 метри. Обидувајќи се да излезе, таа секој ден скока по три метри, но секоја ноќ се лизга надолу по два метри.

Првиот ден таа има 30 метри за поминување, вториот 29 метри, итн. За колку дена жабата ќе излезе од бунарот?

Првичната мисла можеби не е точна…

Најчитани

Твитови