Помалку познати факти за Хабиб Нурмагомедов!

Во споредба со Конор Мекгрегор, Хабиб Нурмагомедов им е помалку познат на луѓето. Откако минатиот месец беше најавена првата борба меѓу нив двајца, луѓето почнаа да искажуваат поголем интерес за Дагестанецот.

Сега кога стана шампион, интересот е уште поголем. Токму затоа на едно место собравме интересни факти за него.

1. Тешко детство

Хабиб Нурмагомедов е роден и израснат во екстремно тешки и сурови услови, во смисла на географски и политички опкружувања. Роден е во студените планини на Дагестан, место во близина на Русија, жртва на тероризам и сиромаштија. Неговиот татко е самбо шампион, искусен во боречки вештини и личен тренер на Хабиб.

2. Има освоено многу награди

Хабиб нема постигано успеси само во октагонот на UFC, туку и надвор од него. Тој двапати има освоено злато на самбо натпревар. Двапати освоил злато на Руското национално првенство во самбо. Има освоено два натпревари во Северна Америка, победник е и на други шампионати.

3. Стана татко на денот на неговата UFC 219 борба

Ноќта на UFC 219 во 2017 година не беше само момент што ќе ја дефинира неговата кариера туку и неговиот личен живот. Тој го порази Барбоза и истата ноќ стана татко, неколку часа по мечот.

4. Никогаш нема изгубено борба

Не само што ја има добиено секоја борба туку и никогаш нема изгубено рунда. Токму ова го разликува од другите борци. Тој не дозволува ништо да го запре.

5. Тој е еден од најпопуларните спортисти во Русија

Хабиб е национален херој во овој спорт за рускиот народ и каде и да оди Русите го поддржуваат.

6. Досега се соочил со двајца врвни противници

Едсон Барбоза на UFC 219 и Рафаел Дос Ањос се двете значајни имиња на листата противници на Хабиб, а кои можат да се наречат тешки противници. Конор Мекгрегор е далеку над овие две имиња, тој има уникатен стил на борба.

7. Закрепна од повреди по две години пауза

Хабиб го сака овој спорт и тоа се гледа и надвор од рингот. Малкумина знаат дека две години беше отсутен од UFC, од април 2014 до април 2016. Толку му беше потребно за да закрепне од повредите здобиени на тренинзи. Имал периоди и кога сакал да се откаже, но неговиот татко е причината за враќање во октагонот.

Сите очи вперени во неа: 47-годишната „Росалинда“ мами воздишки, во зелена креација!

Талија Соди мами воздишки каде и да се појави. 47-годишната мексиканска актерка, позната по улогата на „Росалинда“, изгледаше фантастично на забава по повод Греми во Беверли Хилс, Калифорнија.

На свечноста, убавата телевизиска ѕвезда носеше зелена креација со пердуви од колекција од сопствената модна линија, за која соработува со Macy’s.

 

Знаци дека си имате работа со психопат!

Според податоците кои ги даваат психолозите, од 1 до 4% од вкупното население на Земјата се психопати. Психопатските тенденции кај некоја личност можат да бидат скриени и тешко може да се открие.

Психопатијата е синдром кој е демонстриран од бездушноста кон другите луѓе, неспособноста да се сочувствува, да се почувствува искрено каење за повредување на други луѓе, лажење, егзистенција и нереални емоционални реакции.

1. Тие немаат емоции

2. Тие спијат многу малку

3. Сакаат да прават другите да се чувствуваат виновно

4. Тие се харизматични и сакаат да се центар на внимание

5. Тие се нарцисоидни

6. Тие лажат постојано

7. Тие се неодговорни

 

Легендарни грешки на реклами, ќе ве насмеат до солзи!

Покрај оние навистина добри и успешни има и такви реклами кои ќе ви го привлечат вниманието но со грешките кои ги имаат, по што и ќе ги запаметите... Во продолжение погледнете - легендарни грешки на реклами,  кои ќе ве насмеат до солзи! 

 

 

 

Најчитани

Твитови