Предупредувачки знаци дека немате вистинска пријателка

Колку подолго трае едно пријателство, толку е потешко да се прекине, без оглед на предупредувачките знаци дека се работи за токсичен однос.

Но, пријателствата треба да ги мерите по квалитетот, наместо по времето колку траат.

Па, ако имате пријателка која ќе ја препознаете во барем половина од следните потточки, повеќе од очигледно е дека полека треба да го прекинувате контактот:

1. Не се радува кога ќе успеете. Но, тука е да се „насити“ кога нешто лошо ќе ви се случи.

2. Се однесува љубоморно како да ви е момче.

3. Се чувствувате исцрпено откако ќе разговарате со неа.

4. Понекогаш се чувствувате дека е подобро некои работи да ги скриете од неа.

5. Ви се јавува во било кој дел од денот и се лути ако не можете да ја ислушате до крај.

6. Ги нагласува нејзините успеси користејќи ги вашите неуспеси.

7. Ви ги копира однесувањето, фризурата, ноктите, стилот на облекување, гестовите...

8. Премногу е драматична и обожава да разговара за своите „проблеми“.

9. Се обидува постојано да е подобра од вас и од вашето пријателство постојано прави натпревар.

10. Ве користи за секакви ситници.

11. Ве критикува до крајна граница, а се оправдува дека е само искрена.

12. Очигледно е дека ви дава погрешни совети.

13. Исчезнува штом влезе во врска.

Во сообраќајна несреќа загина поранешна 24 годишна учесничка oд шоуто „Фарма!“

Утрово околу пет часот на местото Тополје кај Иваниќ Град во сообраќајна несреќа загина  поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“.

Станува збор за 24 годишната Едита Птичар која учествуваше на „Фарма“, а информацијата ја потврди и телевизијата каде се емитуваше шоуто.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edita Ptičar (@pticarica_e) on

Во сообраќајната несреќа автомобилот излетал од патот околу пет часот наутро.

Автомобилот наводно го возела Едита, која загинала на лице место, а заедно со неа било и 26 годишно момче, сопственик на автомобилот. Тој завршил во болница со тешки повреди.

24 годишната Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.

На нејзиниот профил на Инстгарам стојат и објави од пред 21 час кога ги објавила чизмичките кои мајката и ги подарила за празниците.

Нова љубовната романса: Милена Чераниќ во врска со овој познат рапер!

Последните неколку месеци Милена Чераниќ го крие својот приватен живот, а сега одлучи да открие дека се во врска со познат рапер.

Љубовниот живот на Милена Чераниќ често беше тема во медиумите, посебно кога беше во врска со нејзиниот колега Немања Стевановиќ, а потоа започна романса со оженетиот кошаркар Владимир Дашиќ.

По бурата околу Владимир, Милена  одредено време не се појавуваше во јавност и не зборуваше за својот приватен живот.

Меѓутоа, сега ја обелодени романсата со својот нов партнер, односно Вук Моб, а на „Инстаграм“ се појави видео на кое парот се бакнува и разменува нежности.

Тест: Колку брзо Ви работи кликерот!?

Една жаба е заглавена на дното од бунар длабок 30 метри. Обидувајќи се да излезе, таа секој ден скока по три метри, но секоја ноќ се лизга надолу по два метри.

Првиот ден таа има 30 метри за поминување, вториот 29 метри, итн. За колку дена жабата ќе излезе од бунарот?

Првичната мисла можеби не е точна…

Најчитани

Твитови