Есенски рецепт: Слатки американски палачинки со тиква и ореви!

Есента е сезона на пченка, костени и секако – тикви, неодоливо вкусна и здрава намирница која може да ја употребите во слатки и солени јадења.

Овие американски палачинки до тиква ќе ве воодушеват и дефинитивно целата кујна ќе ви замириса на слатка есен.

Потребни состојки:

2 јајца

2 шолји остро брашно

2 шолја пире од тиква

3 лажици путер

4 лажици шеќер

1 шолја млеко

2 прстофат сол

2 лажички прашок за печиво

Начин на подготовка:

1. Стопете го прво путерот. Во длабок сад изматете ги јајцата, додадете шеќер, сол, стопениот путер, пирето од тиква и сè добро измешајте.

2. Во брашното додадете го прашокот за печиво. Во него додадете го и млекото.

3. Потоа оваа смеса додадете ја во првата со јајцата. Доколку забележите дека смесата ви е премногу густа или пак ретка, слободно „поправете“ ја со додавање на млеко или пак брашно по потреба.

4. Со црпалка нанесете ја смесата на намастено и загреано тавче за печење и испржете ги палачинките.

5. Можете да ги јадете со крем, мед, џем или мармалад, по желба.

10 причини зошто треба да се вљубите во жена со хороскопски знак Риби!

Постојат многу добри причини зошто би требало да се состанувате со жена со хороскопски знак Риби. Таа е личност со којашто навистина ќе се забавувате. Во допир е со нејзината креативна и уметничка страна и секогаш ќе биде оригинална. 

1. Ве гледа со вистинска страст

Кога жената Риби ќе ве погледне во очи, секогаш ќе ја почувствувате нејзината страст. Нема никогаш да се посомневате во нејзините чувства кон вас. Нема никогаш да се прашувате дали навистина ѝ се допаѓате. Кога ќе го забележите начинот на којшто ве гледа, како ви го дава целиот свет, ќе сфатите дека таа е вистинската.

2. Обрнува многу внимание на детали

Ова е личност која секогаш ќе ги забележи малите нешта. Овие жени секогаш ве сфаќаат сериозно и доволно е многу малку за да ги возбудите.

3. Има силна интуиција

Рибите се луѓе со најразвиена интуиција. Поради ова секогаш ќе можете да им верувате на нејзините инстинкти кога станува збор за некоја тешка одлука. Овие жени навистина знаат како да ги слушаат нивните души. Знаат како да обрнат внимание на знаците и на сè што универзумот се обидува да им каже. Никогаш нема да се чувствувате изгубено кога ќе бидете заедно.

4. Креативна е

Таа е навистина емотивна, но секогаш може да ги насочи нејзините емоции во нејзината уметност и креативност. Кога чувствува нешто, го чувствува навистина силно. Без сомнение секогаш ќе чувствувате почит кон нејзината креативна страна.

5. Сочувствителна е

Таа е вистински емпат и секогаш е свесна за чувствата на луѓето околу неа. Одлично го чита расположението на другите и секогаш ги насочува чувствата на луѓето кои се во нејзино друштво.

6. Се движи по свој ритам

Оваа жена не се потпира на туѓото мислење само затоа што е популарно. Таа си има свои цели и соништа и секогаш ќе ги прави работите на нејзин начин, без разлика што ќе мислат или ќе ѝ кажат другите.

7. Навистина е привлечна

Жените Риби се вистински романтичари и знаат дека сексот е дел од секоја романтична љубов. Тие дефинитивно доминираат на овој фронт. Не се плашат од физичката интимност бидејќи знаат дека сексуалноста има голема улога во страста и во врската.

8. Интелигентна е

Многу луѓе мислат дека само затоа што се премногу емотивни, Рибите не се многу паметни луѓе. Ова е голема заблуда. Рибите се навистина интелигентни жени кои ги разбираат човечките емоции и однесувања повеќе од кој било друг. Поради ова секогаш знаат да се однесуваат пристојно.

9. Интроверт е

Рибите не се личности кои постојано бараат забава и не сакаат големо друштво или гужва. Не чувствуваат потреба да се опкружат со луѓе кои едвај ги познаваат. Рибите сакаат интимност, па не мора да се грижите дека ќе ве однесат на настан на кој не сакате да присуствувате.

10. Сестрана е

Како дванаесетти знак во зодијакот, Рибите имаат наследено многу особини од останатите знаци. Тие можат да ви дадат од сè по малку, па никогаш нема да чувствувате дека ви недостига нешто.

Природен и ефикасен сируп од коприва за прочистување на крвта!

Сирупот од коприва често се користи за прочистување на крвта, но тој исто така може да биде и вкусен и освежителен пијалак доколку го промешате со малку минерална вода и лед. Овој сок е одличен против реума и артритис, а со оглед на тоа што копривата содржи и многу железо, се препорачува и за борбата против анемијата. Сокот можат да го пијат и оние што имаат астма и проблеми со кожата. Исто така се верува и дека ги спречува респираторните и уринарните проблеми, како и опаѓањето на косата. Најдоброто е што не морате секогаш да го разблажувате со вода, слободно прелијте го сирупот и врз палачинки и изедете го за појадок.

Едноставен сируп од коприва

Потребни состојки:

1 килограм листови од млада коприва

250 милилитри вода

Природен засладувач

Начин на подготовка:

Измијте ги и исчистете ги листовите од коприва, па потопете ги во вода и варете ги на среден оган околу 1 час, постојано додавајќи вода за да не испари целосно. Потоа процедете, додајте го засладувачот и почекајте целосно да се растопи. Добиениот сируп сипете го во стаклено шише и добро затворете.

Сируп од коприва, мед и лимон

Потребни состојки:

400 грама свежи млади листови од коприва

6 големи лимони

5 лажици мед

1 литар вода

Засладувач

Начин на подготовка:

Измијте ги копривите и исечкајте ги. Ставете ја водата во тенџере заедно со засладувачот. Почнете да варите, со повремено мешање, додека не почне да врие. Почекајте 5 минути откако ќе зоврие, а ако се појави пена на површината, отстранете ја со лажица.

Ставете ги копривите во керамички сад и прелијте ги со шеќерен сируп. Поклопете со линија и притиснете со тешка чаша или тегла. Оставете да отстои 10 минути. Потоа додајте го лимоновиот сок и медот. Исцедете така што ќе ги одвоите копривите. Кога ќе го добиете сирупот, процедете го низ цедалка ако има потреба, па сипете го во стерилизирано шише, затворете и оставете го на ладно и темно место.

За да направите сок за пиење, наполнете 1/4  од чашата со сируп, а 3/4 со вода. Сирупот може да трае 6 месеци.

Здравствени придобивки

Намалување на симптомите од менопауза

Намалување на менструалните грчеви и болки

Разбивање на камењата во бубрезите

Намалување на хипертензијата

Олеснување на симптомите на болести на дишните патишта

Олеснување на симптомите на астма

Сопирање на крвавењето

Намалување на ризикот од рак на простата

Елиминирање на алергискиот ринитис

Намалување на мачнината

Лекување настинка

Помагање при остеоартритис

Намалување на проблемите со дигестивниот систем, како дијарејата

Намалување на гингивитис

Намалување на воспалителните процеси во организмот

Тинејџерка доживеа вистински хорор отако реши јавно да си ја продаде невиноста за да си купи нов iPhone!

Тинејџерка која сакаше да си ја продаде невиноста за да си купи нов iPhone, откако се појави во хотелската соба остана во шок. Ксиао Чен својата понуда ја објави на онлајн форум, а за невиноста бараше 20.000 јуани (околу 2.500 евра).

Но, кога девојката се најде сама во собата со четворица мажи кои почнаа да ја „злоставуваат„ ненадејно се појави Нана, позната блогерка од Пекинг. 

Нана ја организираше сета таа „акција“ за да ја научи девојката на памет. На интернет ја нашла објавата со која девојката ја нуди својата невиност, а потоа се преправала дека е секретарка на богат клиент, па ја викна Ксиао на разговор.

Сето тоа тајно го снимаше, а на снимката се гледа како девојката вели дека сака да ја продаде својата невиност за да си купи iPhone 8, бидејќи „сите нејзини пријатели веќе имаат таков“.

Нана, инаку, во својата емисија се занимава со животните ситуации на луѓето, а при разговорот со тинејџерката се обиде да ја одврати од намерите. Не успеа во тоа, па Ксиао доби депозит.

Најчитани

Твитови