Иако Близнаците важат за лидери кога е во прашање неверство, не се единствен знак во зодијакот кои знаат да изневерат штом имаат прилика.

ОВЕН
Овните се познати како многу страсни љубовници на кои сексуалната енергија им е исклучително важна. Бракот ретко ги смирува, напротив, многу припадници на овој знак лошо го поднесуваат. Либидото, главно, им е повеќе господар отколку слуга и многу често не се во состојба да го контролираат, вели хороскопот. Овните, поради ’запалената’ имагинација и страст, многу лесно се впуштаат во афера, па дури и го менуваат партнерот, особено ако „новата љубов" им пружа поголема возбуда во креветот.
ВАГА
Поради својата неодлучност и прекумерната желба да остават добар впечаток, Вагите многу лесно ќе се впуштат во флерт, којшто често може да прерасне и во нешто друго. Припадниците на овој хороскопски знак се многу страсни, но во исто време мечтаат за филмска љубов која ќе им угодува во сè. Токму затоа лесно ’паѓаат’ на комплименти, што може да биде доста опасно.
СТРЕЛЕЦ
Уште еден огнен знак кој не може да замисли живот без секс. Ќе бидат неверни, но не поради емоции, туку исклучиво водени од либидото. Стрелците не гледаат на прељубата како на неморален чин, туку како спорт кој, едноставно, мора да го упразнуваат од време-навреме. Таков е нивниот хороскоп - тие се хороскопски знак кој не трпи конвенции, лажен морал и општествени норми. Припадниците на овој знак обично водат сметка за својот изглед, а се познати и по шармот на којшто тешко кој може да одолее.