Специјалист по оториноларингологија д-р Маринела Малинова од болницата Неуромедика, на тема: Настинка, грип или алергија!

Често пати се случува да обични горнореспираторни вирози или попознати во народот како настинки се прогласуваат за грип. Додека пак инхалаторните алергии на полен,трева,прашина поради сличните симптоми на настинка се третираат само симптоматски без соодветна антиалергиска терапија. Или пак уште полошо да се започне со антибиотски третман кај алергии(што најчесто се прави на своја рака без консултација со лекар) и е тотално погрешно.

Настинка или грип?

Грипот е пратен со симптоми како што се: висока температура, треска, јака исцрпеност, лоша општа состојба и болки во мускули. Негов предизвикувач е специфичниот вирус на influenza. Секогаш дава потешка симптоматологија од настинката која е ограничена само на горни дишни патишта, грипот ги зафаќа и горните и долните дишни патишта и често се комлицира со бронхит.

Настинка или алергија?

Инхалационите алергии на полен, трева, прашина итн. даваат симптоми што се многу слични на настинка. Тоа се: затнат нос, бистра, водлеста секреција од нос, кивавица, чешање на слузницата на носот и очите, солзење. Но за разлика од настинките алергиите траат многу подолго и обично се сезонски но можат да бидат и целогодишни.Алергиите можат да се детектираат освен клинички и со посебни тестови и третманот е различен од третманот на настинките.

Пишува: Спец. д-р Маринела Малинова, Специјалист по оториноларингологија во болницата Неуромедика

Сите очи вперени во неа: 47-годишната „Росалинда“ мами воздишки, во зелена креација!

Талија Соди мами воздишки каде и да се појави. 47-годишната мексиканска актерка, позната по улогата на „Росалинда“, изгледаше фантастично на забава по повод Греми во Беверли Хилс, Калифорнија.

На свечноста, убавата телевизиска ѕвезда носеше зелена креација со пердуви од колекција од сопствената модна линија, за која соработува со Macy’s.

 

Знаци дека си имате работа со психопат!

Според податоците кои ги даваат психолозите, од 1 до 4% од вкупното население на Земјата се психопати. Психопатските тенденции кај некоја личност можат да бидат скриени и тешко може да се открие.

Психопатијата е синдром кој е демонстриран од бездушноста кон другите луѓе, неспособноста да се сочувствува, да се почувствува искрено каење за повредување на други луѓе, лажење, егзистенција и нереални емоционални реакции.

1. Тие немаат емоции

2. Тие спијат многу малку

3. Сакаат да прават другите да се чувствуваат виновно

4. Тие се харизматични и сакаат да се центар на внимание

5. Тие се нарцисоидни

6. Тие лажат постојано

7. Тие се неодговорни

 

Легендарни грешки на реклами, ќе ве насмеат до солзи!

Покрај оние навистина добри и успешни има и такви реклами кои ќе ви го привлечат вниманието но со грешките кои ги имаат, по што и ќе ги запаметите... Во продолжение погледнете - легендарни грешки на реклами,  кои ќе ве насмеат до солзи! 

 

 

 

Најчитани

Твитови