Секој ден задолжително секој мора да конзумира по 5 ореви: Еве и зошто!

Според најновите истражувања, секојдневното конзумирање по неколку ореви е одличен начин да се заштитиме од болестите на срцето. Само четири часа откако сте јаделе ореви или испиле масло од орев, нивото на холестерол и флексибилноста на крвните садови се подобруваат, откриваат лекарите. Редовното конзумирање на ореви е од клучно значење за максимален ефект, велат научниците, односно ако консумирате неколку ореви или масло од орев четири дена во неделата, можете значително да го намалите ризикот од срцеви заболувања.

Сепак, ова истражување не е најстариот документиран случај во кој оревите се сметаат за супер корисни за телото. Дури и старите Римјани сметале дека оревите го подобруваат либидото. Древните Британци лечеле ментални болести, сметајќи ги оревите за добри поради нивниот изглед кој личи на мозок.

Значи, како да внесете повеќе ореви во исхраната?

Покрај очигледното- чистење и грицкање –  оревите можете да ги искористите во салати, шејкови, домашни мафини или енергетски крекери. Така, вашата храна ќе има дополнителна доза на невропротективни соединенија, вклучувајќи витамин Е, фолна киселина, мелатонин, омега-3 масна киселина и антиоксиданти.

Оревите го стимулираат производството на трипсин и химотрипсински ензими, кои се меѓу најсилните дигестивни ензими произведени од човечкото тело. Ако изедете само неколку ореви, телото дополнително ги произведува тие ензими кои потоа се апсорбираат во крвотокот и помагаат за чистење на крвниот и лимфниот систем.

Најдобриот наставник во светот: Секој месец платата им ја давал на сиромашните ученици!

Наставникот Питер Табиќи од Кенија, кој својот поголем дел од заработката ја дава на сиромашни ученици, е избран за најдобриот наставник во светот. Неговата награда вредна милион долари, му е доделена во Дубаи.

Питер предава математика и физика, а 80% од неговата плата, тој ја донира за да им помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во ова село, кое се соочува со проблемите од типот на суша и глад, речиси третина од децата се сирачиња или имаат по само еден родител.

Табиќи (36) е избран меѓу 10.000 кандидати, од 179 земји. Водител на церемонијата на која тој ја добил наградата ја водел актерот Хју Џејман, пишува „Асоишејтед прес“.

Наградата ја установила фондацијата „Варки“ во Дубаи.

Со маска од ПАВЛАКА до неверојатен ефект!

Павлаката е производ кој поседува уникатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Таа се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги.Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.

За приготвување на маската ви е потребно:

- една лажица павлака,

- една жолчка од јајце,

- една лажица алое.

Алое ќе најдете речиси во сите наши аптеки, во поголема опаковка, но ќе го употребите за приготвување на многу други маски.

Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот ( штом се исуши едниот слој, нанесете нов ). После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект, подмладува, ја освежува и храни кожата.

Најчитани

Твитови