Стивен Хокинг тврди: Бог не постои, ниту пак живот по смртта!

По смртта на познатиот физичар Стивен Хокинг е претставена книгата „Brief Answers to the Big Questions“ во која ги дава одговорите на десетте најчести прашања што луѓето му ги поставувале, пренесува Independent.

Во универзумот на Хокинг нема место за Господ, бидејќи славниот космолог верувал дека светот што го познаваме е создаден од ништо.

„Нема Господ ни живот по смртта. Сигурно не постои ниту рај. Мислам дека универзумот е спонтано креиран од ништо според законите на науката“, вели Хокинг.

Во пораката наведува дека образованието и науката се во поголема опасност од претходно и дека експертите не се почитувани. Смета дека пред науката се наоѓаат огромни предизвици, како климатските промени, пренаселеноста, уништувањето на шумите, исчезнувањето на одредени видови и слично.

Кои се најчестите прашања што му ги поставувале:

1. Дали Бог постои? – „Не, никој не управува со нашиот универзум“.

2. Како сè започна? – „Со Големата експлозија“

3. Што има во црната дупка? – „Паѓањето во црна дупка дефинитивно е лоша вест. Ако тоа би било ѕвездена дупка би станале шпагети пред да дојдеме до хоризонтот“.

4. Можеме ли да ја предвидиме иднината? – „И да и не. Всушност, законите ни овозможуваат да ја видиме иднината, но во реалност тоа е премногу тешко“.

5. Дали е возможно патувањето низ времето?  - „Според нашите сегашни сознанија патувањето во минатото не може да се исклучи“.

6. Ќе преживееме ли на Земјата? – „Сегашниот светски поредок има иднина, но ќе биде многу поинаква“.

7. Дали постои интелигентен живот во вселената? –„Постојат облици на интелигентен живот, но мораме да бидеме внимателни во одговорот додека сè уште не се развиеме“.

8. Дали треба да ја колонизираме вселената? - „Очекувам дека во следните 100 години ќе можеме да патуваме било каде во Сончевиот систем“.

9. Дали ќе нè надмудри вештачката интелигенција? – „Вештачката интелигенција ќе биде добра во постигнување цели, но ако тие цели не се совпаѓаат со нашите, ќе имаме проблем“.

10. Како да ја обликуваме иднината? - „Запомнете да гледате горе во ѕвездите, а не доле во вашите нозе“.

Лековити дејства на маслото од семки од тиква!

Во текот на годините се појавија многу здрави и популарни масла за јадење, што стана навистина збунувачки да се одбере вистинското.

Она што остана непроменето е хранливата вредност на маслиновото масло, а сега тоа добива нов „пријател“ што би требало да се најде на вашите полици во кујната.

Се работи за масло од семки од тиква, кое освен што е лековито и ароматично, е и суперхранливо бидејќи е полно со минерали, витамини, протеини и незаситени масни киселини.

Секако, најквалитетно е ладно цеденото и треба да се консумира како додаток во храна, без негова термичка обработка.

1. Ова масло е богато со олеинска киселина, која го намалува лошиот холестерол.

2. Богато е со витамините Д, Е и К, со магнезиум, железо, манган, бакар, цинк и селен.

3. Поради глутаминската киселина која ја содржи, може да се каже дека маслото од семки од тиква е и природен антидепресив.

4. Има диуретски ефект и ја подобрува работата на целиот уринарен систем.

5. Ја подобрува работата и на дигестивниот систем и ги прочистува цревата.

6. Ова масло има и козметичка примена. Можете да го користите за нега на коренот на косата. Масирајте ја кожата на главата со прсти потопени во масло од семки од тиква.

7. Поради својот вкус, додава нова димензија на аромите во салатите, сосовите, варениот или печен зеленчук, месото, но и во одредени видови колачи, како што се домашните ванилици.

Родителите vs. баби: Кој како го чува детето! Чиста вистина...

Баба ви има билка која е решение за секој здравствен проблем и главна грижа во животот и е да не сте гладни и да не ви студи.

Родителите знаат сè за нас, а бабите дури и малку повеќе. Ако ја прашате мајка ви кое ви е омилено јадење, ќе одговори како од пушка, но ако ја прашате баба ви, таа веќе ќе го има приготвено за вас.

И веруваме дека на ум ви доаѓаат уште илјада такви примери кога бабите се заложувале и повеќе од доволно за вас.

Како чуваат дете родителите vs. како чуваат дете бабите:

Од најдобри пријателки до непријатели: Еве зошто Кија Коцкар ја откачи Ана Кораќ!

Кристина Киа Коцкар и Ана Кораќ беа најдобри пријатели во првата сезона на реалното шоу „Задруга“, а тие продолжија со своето пријателство и по неговото завршување.

Сепак, се чини дека нешто крупно се променило, со оглед на тоа што на социјалните мрежи почнаа да циркулираат информации дека Киа ја „откачила“  Ана. Како главна причина, се наведува фактот дека Ана била во добри односи со Луна Ѓогани, откако обете влегоа во втората сезона на „Задруга 2“

Најчитани

Твитови