Прополис: Моќ, совршенство и природен антибиотик!

Прополисот e богат е со цинк и го зајакнува имунитетот, а воедно е и тесно поврзан со ослободување од стрес, како и во борбата со настинки и грип. 

Поради својот специфичен вкус и мирис, прополисот најчесто се комбинира со шеќер за полесно да се консумира.

1. Настинка и грип

Со доаѓањето на есенските денови, помошта побарајте ја кај пчелите кои вредно работат преку целата година. Прополисот го зајакнува имунитетот и со векови се користи за олеснување на телесните тегоби. Една Jake бонбона пред спиење ќе ви помогне во намалување на сувата кашлица.

2. Акни

Овој едноставен, ефикасен природен третман исто така е одличен во борбата против акни. За успешни резултати потребно е подрачјата на кои имате акни неколку пати во денот да ги намачкате со прополис. Сличен ефект се постигнува и со нанесувањето на мед и прополис.

3. Афти

Афтите поминуваат откако ќе уживате во вкусот на Jake со прополис и витамин Ц.

4. Првут

Проблемот со првутот се јавува и кај масна и кај сува коса. Потребно е да користите благи шампони со билни состојки, а една од нив е прополисот. Косата добро и долго измијте ја со вода, нежно масирајќи го темето.

5. Стрес

Личностите кои редовно консумираат прополис полесно се справуваат со стресот. А има ли поедноставен начин редовно да го консумирате од оној кој ви го нудат Jake бонбоните? Отсега слободно може да ги извршувате работните обврски, а истовремено да се ослободувате од стресот.

6. Сексуална енергија

Хроничните проблеми на простатата се резултат на насобраните слободни радикали на кислород во семената течност.

7. Ги смирува раните

Прополисот е исклучително ефикасен при појава на чир, изгореници и убоди.

Сега откако знаете колку е важен прополисот во секој сегмент од вашето живеење, не оставајте ништо на случајноста и уживајте секојдневно во Jake витаминските бонбони од прополис и Ц витамин и воопшто не се грижете за вашиот имунитет во следниот период.

Стилизирајте ја косата, со четка за заби!

Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак за коса на четка за заби и нежно измазнете ги непослушните влакна, советува британскиот фризер Patrick Wilson

Познатиот британски фризер Patrick Wilson, кој работи со многу ѕвезди како Cindy Crawford и Kendall Jenner, откри зошто тој секогаш во фризерскиот прибор има четка за заби.

Тој вели дека четката за заби е одлично помагало за измазнување на непослушната коса и врвови.

– Таа е совршена алатка за усовршување на убавината на вашиот изглед, за беспрекорна завршна обработка. Понекогаш наједноставните трикови се најдобри кога станува збор за постигнување на изглед како на црвениот тепих – рече тој.

– Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак на четката за заби и нежно измазнете ги неправилностите на косата – ја објасни постапката и препорачува инвестирање во четка со подобар квалитет, а не класична со која што повеќето луѓе ги мијат забите.

Тој ја демонстрирал оваа техника за време на фестивалот за убавина, Гламур во Лондон во 2019 година, на негова блиска пријателка и постојан клиент, пејачката Моли Кинг, која му беше модел во таа пригода.

„Кога Моли се појавува на телевизија или на црвениот тепих, мора да се осигураме дека нејзината коса ќе издржи добро“- рече тој.

Тикови за сите жени: Како да ги проширите чевлите кои ви се тесни?

Табелата со величини можеби била погрешна или стапалата ви се отечени; како и да е набиени палци и пликови по стапалата се загарантирани.

Растегнувањето обично се случува во ширина, а не во должина, бидејќи најдолниот дел од чевлите што е во директен контакт со земјата не може да се растегне многу. Затоа, колку и да ви се допаѓа одреден пар брендирани потпетици, не фрлајте си ги парите на број 38, ако всушност носите 39.

Употребете фен

Доколку се работи за кожени чевли, облечете два пара чорапи – колку подебели, толку подобро. Облечете ги чевлите и дувајте со фенот во нив на средна температура околу 30 секунди. Избегнувајте да дувате на едно место бидејќи може да ја оштетите кожата.

Повторете го процесот додека не почувствувате дека стапалото влегува полесно.

Ставете ги чевлите во замрзнувач

Наполнете една третина вода во мала ќеса за замрзнување. Заврзете ја убаво и осигурајте се дека нема дупка за да истече водата во чевелот. Ставете ја ќесата во чевелот во пределот на прстите, а потоа чевелот ставете го во замрзнувач додека водата не смрзне.

Кога мразот ќе се формира, може да го извадите чевелот дваесетина минути да се отпушти и потоа да ја повторите постапката сè додека не го растегнете доволно.

Купете растегнувач за чевли

Ова е едноставен алат и најмалку ризичен метод за растегнување на чевлите, односно нема да мора да се грижите дека ќе го уништите сјајот на новите чевли, ниту дека ќе ги оштетите со вода. Консултирајте се со чевлар за тоа каде може да се набави ваква алатка, инаку е достапна на amazon.com.

За да ги избегнете ваквите непријатни ситуации, најдобро е да се осигурате дека има барем 1 сантиметар простор од врвот на вашиот највисок прст на ногата до врвот на чевелот. Исто така, се препорачува да купувате чевли на крајот од денот, кога стапалата ви се малку отечени.

Лепа Брена не дозволи на Кија да биде дел од музички настан: „Или таа или јас - изберете!“

Кристина Коцкар беше предвидено да учествува на музички фестивал кој се одржа неодамна на Копаоник, каде што требало да настапи рамо до рамо со најголемите ѕвезди од регионот: Жељко Јоксимовиќ, Лепа Брена, Милица Павловиќ и „Парни ваљак“. И покрај желбата на луѓето од организацијата на фестивалот да ја донесат да пее, Кија беше исфрлена од листата на изведувачи, токму поради фолк кралицата Лепа Брена.

Таа буквално ги условила организаторите: “Или таа или јас”, бидејќи Брена смета дека не треба да споделува сцената со девојка од релно шоу, која има едвај двее-три песни и пее само од пред неколку месеци“ –  потврдил добро информиран извор, додавајќи дека по интервенцијата на фолк ѕвездата, организаторите и го откажале ангажманот на Кија.

 

извор: вистина.мк  

Најчитани

Твитови